romaversitas.org.mk

Младите Роми заедно со Ромаверзитас испратија две пораки „Да не заборавиме“ и „Геноцидот врз Ромите да се спомне и да не се повтори“

 По повод 2 Август - денот на сеќавањето на геноцидот врз Ромите, младите Роми заедно со Ромаверзитас испратија две пораки „Да не заборавиме“ и „Геноцидот врз Ромите да се спомне и да не се повтори“ преку јавен настан во плоштад Македонија.

  

 

 

 

 

 

Повеќе...

Силхан Саитов гостин во информативната емисија "РОМАНИ ДЕБАТА" ВО ТВ Шутел

Силхан Саитов, проектниот менаџер на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“, на гостувањето во дебатната емисија “ROMANI DEBATA“ во ТВ Шутел ги презентираше постигнувањата на РОМАВЕРЗИТАС во областа на високото образование, стратешките цели и придонесот на Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта во областа на образованието на Ромите, сподели информации за постоечката стипендиската поддршка за студентите Роми и сподели свои ставови и размислувања за останати младински прашања.

Повеќе...

Рамиза Сакип - гостинка во информативната емисија “BIJANDIPE“ во МРТ 2

Рамиза Сакип - проектниот менаџер на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС", во информативната емисија на "BIJANDIPE" во МРТВ 2 ги презентираше досегашните имплементарани активности како и активностите кои се планирани да се имплементираат за време на летниот период од  проектот: „Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија".

Повеќе...

Силхан Саитов и Сибел Бајрам - гости во информативната емисија "BIJANDIPE" ВО МРТ 2

Силхан Саитов, проектниот менаџер на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“, на гостувањето во информативната емисија “BIJANDIPE“ во МРТ 2 го презентираше повикот за вклучување на студенти Роми во активностите на проектот „Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ за академската 2016/2017 година, ги презентираше реализираните и идните активности на проектот „Ромаверзитас - академска и друга поддршка за студенти Роми во Македонија“, коj е целосно финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) од Будимпешта.

Сибел Бајрам, член на уредувачкиот тим на електронскиот весник „Рома Индекс“, го промовираше уредувачкиот тим и содржините на објавениот Рома Индекс број 1.

Повеќе...

Панел дискусија на тема: Улогата и развојот на ромската академска заедница во Република Македонија

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ по повод одбележувањето на 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите одржи панел дискусија на тема:„Улогата и развојот на ромската академска заедница во Република Македонија“.

Панел дискусијата се одржи на 6 Април 2016 година во Музејот на македонската борба - Скопје.

Повеќе...

Контакт

 ул. 11 Октомври бр. 8/1-2, 1000 Скопје

 www.romaversitas.org.mk

office@romaversitas.org.mk

 Romaversitas Macedonia

 Romaversitas Macedonia

Проектен тим

 

Силхан Саитов, проектен менаџер

076 22 55 68

silhan.saitov@romaversitas.org.mk

 

Фикрија Таирпроектен координатор

076 44 37 73

seara.sulejman@romaversitas.org.mk

 

Ален Умерпроектен асистент

075 20 30 64

alen.umer@romaversitas.org.mk

 

Повик за вклучување во активностите на проектот

Повикот за вклучување во активностите на проектот “Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, дава можност на сите редовни матуранти Роми, студенти и дипломирани Роми/РОМАВЕРЗИТАС Алумни на додипломски студии од државните и приватните универзитети во Република Македонија да се пријават за вклучување во активностите на проектот. Овој проект е финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.

Повик за вклучување во активностите на проектот

 

ПОВИК ЗА ОБУЧУВАЧ

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ објавува повик за обучувач за испорака на работилница на тема „Холокаустот врз Ромите“.

Povik_za_obucuvac.pdf

 

Повик за консултант за спроведување на стратешко планирање и подготовка на стратешки план 2017–2020

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” објавува повик за консултант за спроведување на стратешко планирање и подготовка на стратешки план 2017 – 2020 на организацијата. Опис за ангажманот, периодот на реализација, услови, документи и начини за пријавување, се содржани во Повикот.

povik_za_konsultant.pdf

 

Повик за тутори во академската 2017/18 година

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“ објавува повик за пријавување во база на тутори за одржување на туторски часови за одреден наставен предмет за студенти Роми на додипломски студии на државните и приватните универзитети во Република Македонија. Проектот е целосно поддржан од страна на Ромскиот образовен фонд (РЕФ), Будимпешта.

Пријавените тутори ќе бидат регистрирани во базата на тутори за академската 2017/2018 година и ќе бидат понудени за туторски ангажман во текот на академската 2017/2018 година само доколку студентите Роми во нивното барање за туторство не предложат тутор или нивниот предложен тутор не ги исполнува условите за тутор.

Повик за тутори во академската 2017/18 година

 

Повик за новинарски тим од студенти Роми за изработка на содржини во Рома Индекс Активизам

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот: „Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, објавува повик за новинарски тим од студенти Роми за изработка на содржини во рамки на Рома Индекс Активизам, односно Рома Индекс број 8 и 9. Проектот е целосно поддржан од страна на Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), од Будимпешта.

Краен рок за пријавување за Рома Индекс Активизам e 22 ноември (среда) 2017.

Повик за новинарски тим од студенти Роми за изработка на содржини во Рома Индекс Активизам

 

ПОВИЦИ

Здружение на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот “Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“ објавува пет (5) ПОВИЦИ

povik_za_proekten_menadzer.pdf

povik_za_finansiski_oficer

povik_za_proekten_koordinator_3_komponenti.pdf

povik_za_proekten_koordinator_2_komponenti.pdf

povik_za_proekten_asistent.pdf

 

Повик за Студентски Иницијативи и Проекти (СИП)

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ објавува повик за Студентски Иницијативи и Проекти (СИП).

povik_za_sip.pdf

 

Повик

Повик за пријавување на студенти Роми и РОМАВЕРЗИТАС Алумни за учество на тренинг за раководење со проектен циклус и мобилизирање на средства

povik_za _ucestvo_na trening.pdf

 

Повик за тутори за академската 2016/2017 година

Повик за тутори за одржување на туторски часови за одреден наставен предмет за студенти Роми на додипломски студии на државните и приватните универзитети во Република Македонија за 2016/2017 година.

povik_za_tutori_2016_2017.pdf

 

 

„За мене РОМАВЕРЗИТАС претставува организација која им дава континуирана подршка на средношколците и студентите Роми, за нивниот личен развој и градење на нивниот академски профил, преку инволвираноста во разни едукативни работилници, проекти и други можности кои ги нуди организацијата.“

 

 Сабина Рустемовска, Медицински факултет, УКИМ

 

 

„РОМАВЕРЗИТАС за мене преставува одлична можност за лично надоградување и полесен начин до остварување на нашите цели, како и место за споделување на моето знаење на поголема колективна група од заедницата.“

 

Селвије Мустафи, Факултет за јазици, култури и комуникација, УЈИЕ

 

„Да не заборавиме“ и „Геноцидот врз Ромите да се спомне и да не се повтори“