romaversitas.org.mk

Видео галерија

Младите Роми заедно со Ромаверзитас испратија две пораки „Да не заборавиме“ и „Геноцидот врз Ромите да се спомне и да не се повтори“

 По повод 2 Август - денот на сеќавањето на геноцидот врз Ромите, младите Роми заедно со Ромаверзитас испратија две пораки „Да не заборавиме“ и „Геноцидот врз Ромите да се спомне и да не се повтори“ преку јавен настан во плоштад Македонија.

  

 

 

 

 

 

РОМА ИНДЕКС АКТИВИЗАМ - РОМА ИНДЕКС БР.8
 
  Линк од електронски весник
Контакт

 ул. 11 Октомври бр. 8/1-2, 1000 Скопје

 www.romaversitas.org.mk

office@romaversitas.org.mk

 Romaversitas Macedonia

 Romaversitas Macedonia

Проектен тим

 

Силхан Саитов, проектен менаџер

076 22 55 68

silhan.saitov@romaversitas.org.mk

 

Фикрија Таирпроектен координатор

076 44 37 73

seara.sulejman@romaversitas.org.mk

 

Ален Умерпроектен асистент

075 20 30 64

alen.umer@romaversitas.org.mk

 

СТРАТЕШКА ДИСКУСИЈА

Заложба за единство на Ромите во Република Македонија

Целта на стратешкиот разговор и меѓусебниот дијалог на темата е всушност дискусија за вложување и ветување за Единство и Заложба околу содржината на Декларацијата за стратешките цели и интереси на Ромите во Република Македонија.

Позадина-и-агенда-МК.pdf

Background-and-agenda-EN.pdf

 

Повик за работна стипендија

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” со поддршка на Канцеларија за ромски иницијативи – Будимпешта, Фондација отворено општество во рамките на Барвалипе-Македонија, подготвителна фаза за подготвување на Програма за лидерство насочена кон дипломирани студенти Роми, објавува повик за работна стипендија.

Повик за работна стипендија

 

Мобилни ромски книги

Mладинска размена во рамките на програмата Млади во акција

Проектот "Мобилни ромски книги" е младинска размена организирана во рамките на програмата Млади во акција (Nr2017- 3-TR01-KA105-048556), со финансиска поддршка од Европската комисија, која ќе се спроведува во Медитеранската федерација за здруженија на Ромите / Мерсин / Турција, помеѓу 5 април - 14 април 2018 година.

Повик за младинска размена

 

Повик за проектен асистент

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“, објавува повик за проектен асистент кој ќе работи во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“. Проектот е  финансиран од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.

Пријавувањето за повикот за проектен асистент е најдоцна до 14 февруари 2018.

Повик за проектен асистент

 

Повик за ментор за јавни говорници

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“, објавува повик за пријавување на ментор кој ќе ги менторира јавните говорници за ораторските настапи по повод одбележување на 8 април – Меѓународниот ден на Ромите во академската 2017/18 година во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“. Проектот е  финансиран од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.

Пријавувањето за повикот за повик за јавни говорници за 8 април е најдоцна до 11 февруари 2018 година.

Повик за ментор за јавни говорници

 

Повик за стручно лице за професионална ориентација и кариерно планирање

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“, објавува повик за стручно лице за спроведување на активности за професионална ориентација и кариерно планирање на матуранти Роми за академската 2017/2018 година во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.

Пријавувањето за повикот за стручно лице за спроведување на активности за професионална ориентација и кариерно планирање на матуранти Роми за академската 2017/2018 година е најдоцна до 11 февруари 2018 година. 

Повик за стручно лице за професионална ориентација и кариерно планирање 

 

Повик за јавни говорници

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“, објавува повик за пријавување на матуранти, студенти и дипломирани лица за јавни говорници на теми поврзани со Ромите, за ораторски настапи за одбележување на 8 април – Меѓународниот ден на Ромите во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“. Проектот е  финансиран од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.

 

Пријавувањето за повикот за повик за јавни говорници за 8 април е најдоцна до 11 февруари 2018 година.

Повик за јавни говорници

 

 

„За мене РОМАВЕРЗИТАС претставува организација која им дава континуирана подршка на средношколците и студентите Роми, за нивниот личен развој и градење на нивниот академски профил, преку инволвираноста во разни едукативни работилници, проекти и други можности кои ги нуди организацијата.“

 

 Сабина Рустемовска, Медицински факултет, УКИМ

 

 

„РОМАВЕРЗИТАС за мене преставува одлична можност за лично надоградување и полесен начин до остварување на нашите цели, како и место за споделување на моето знаење на поголема колективна група од заедницата.“

 

Селвије Мустафи, Факултет за јазици, култури и комуникација, УЈИЕ

 

Повик за тутори во академската 2017/18 година

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“ објавува повик за пријавување во база на тутори за одржување на туторски часови за одреден наставен предмет за студенти Роми на додипломски студии на државните и приватните универзитети во Република Македонија. Проектот е целосно поддржан од страна на Ромскиот образовен фонд (РЕФ), Будимпешта.

Пријавените тутори ќе бидат регистрирани во базата на тутори за академската 2017/2018 година и ќе бидат понудени за туторски ангажман во текот на академската 2017/2018 година само доколку студентите Роми во нивното барање за туторство не предложат тутор или нивниот предложен тутор не ги исполнува условите за тутор.

Повик за тутори во академската 2017/18 година

 

Повик за вклучување во активностите на проектот

Повикот за вклучување во активностите на проектот “Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, дава можност на сите редовни матуранти Роми, студенти и дипломирани Роми/РОМАВЕРЗИТАС Алумни на додипломски студии од државните и приватните универзитети во Република Македонија да се пријават за вклучување во активностите на проектот. Овој проект е финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.

Повик за вклучување во активностите на проектот

 

Ромаверзитас реакција

Реакција во однос на Ромите вработени во јавна и државна администрација и дадената изјава во медиумите од страна на премиерот г. Зоран Заев

rekacija_na_romaversitas.PDF

 

„Да не заборавиме“ и „Геноцидот врз Ромите да се спомне и да не се повтори“