Проекти
- Детали
- Објавено: Вторник, 14 Август 2018 01:06
- Посети: 4639
ПРОЕКТОТ Е ВО ТЕК |
|
Наслов на проектот |
„Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности “ |
Цели на проектот |
§ Да се зголеми вклученоста и квалитетот во вклученоста на матурантите Роми на додипломски студии во универзитетите во Република Македонија § Да се поддржат студентите Роми на додипломски студии за нивна одржливост во нивните студии, премин во следен семестар, академски постигнувања и навремено дипломирање. § Да се поддржи личниот и професионалниот развој на студентите Роми на додипломски и постдипломски студии, и алумните на Ромаверзитас § Да се потикне и поддржи формирање на мрежа на млади Роми, како и нивно учество, волонтеризам и активизам во општеството § Да се потикне и поддржи зајанување на ромскиот идентитет и Ромаверзитас заедница |
Активности на проектот |
§ Професионално ориентирање на матуранти Роми § Кариерно планирање на матуранти Роми § Информирање и мотивирање на матурантите Роми за упис на додипломски студии § Помош при упис на додипломски студии и мониторинг на уписите во Дополнителната квота утврдена од Владата на РМ § Менторство § Туторство § Користење на литература § Модул за зајакнување на академските техники § Модул за истражувачка работа § Грантови за микроистражувања § Грантови за студентски иницијативи и проекти § Практиканство § Курс по странски јазици § Курс за компјутерска едукација § Рома Индекс активизам § Курс по ромски јазик, историја и култура § Одбележување на важни датуми од историјата на ромскиот народ § Активности за зајакнување на Ромаверзитас заедницата |
Соработници на проектот |
§ Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, орган во Министерство за образование и наука § Универзитет на Југоисточна Европа § Универзитет „Гоце Делчев“ § Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
Локација на спроведување на проектот |
Скопје |
Временски период на спроведување на проектот |
01 Септември 2017 – 31 Август 2019 |
Донатор на проектот |
Ромски образовен фонд (РЕФ) |
Висина на грантот |
140,000 EUR |
ПРОЕКТОТ Е ЗАВРШЕН |
|
Наслов на проектот |
„Конект за организирано делување на младите Роми“ |
Цели на проектот |
§ Да се вклучат засегнатите страни, односно студентите Роми, дипломираните Роми, младинските ромски организации во анализа на проблемот и во генерирањето на идеи за апликативни форми за младинско/студентско учество и организирање; § Да се зголемат капацитетите на ромските младински организации за форми за младинско/студентско учество и организирање, и во исто време да се стимулира нивната употреба на одредени форми; § Да се стимулираат одредени форми за младинско/студентско учество и организирање, преку формирање на клуб на алумни. |
Активности на проектот |
§ Тренинг за формите на младинско/студентско учество и организирање и пишување на краток документ за јавни политики § Пишување на краток документ за јавни политики со заклучоци и препораки § Презентација и промоција на наодите од краткиот документ за јавни политики § Формирање на клуб на алумни Роми |
Локација на спроведување на проектот |
Скопје |
Временски период на спроведување на проектот |
01 Ноември 2016 – 01 Мај 2017 |
Донатор на проектот |
Проектот е под – грант на проектот „Мрежа на ромски граѓански организации – Одговор на ромската заедница“ финансиран од Европската Унија (ЕУ) во рамки на ИПА/2015/371474, компонента: Поддршка на невладини организации и слобода на медиуми. |
Висина на грантот |
307.142 МКД |
Наслов на проектот |
„Ромаверзитас - академска и друга поддршка за студенти Роми во Македонија“ |
Цели на проектот |
§ Да се подобрат академските перформанси, постигнувања, индивидуални капацитети и вештини на 60 студенти Роми запишани во Скопје, Тетово и Штип; § Да се стекнат индивидуални знаења, вештини, капацитети и практични вештини на 30 студенти Роми запишани во Скопје, Тетово и Штип; § Да се креира средина за општествена партиципација на младите Роми во Република Македонија за прашања кои се поврзани со инклузија на Ромите. |
Активности на проектот |
§ Туторство § Користење на литература § Курс по странски јазици § Курс по компјутери § Тренинзи за организирање и вмрежување § Тренинзи за алумни вмрежување § Тренинзи за застапување и лобирање § Работилници за зајакнување на академските техники § Работилници за зајакнување на ромскиот идентитет § Информативни и мотивациски сесии за матуранти Роми за запишување во високо образование § Обуки за проектен циклус § Студентски Иницијативи и Проекти (СИП) |
Соработници на проектот |
§ Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, орган во Министерство за образование и наука § Универзитет на Југоисточна Европа § Универзитет „Гоце Делчев“ § Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ § Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите „Сонце“ § Здружение за правата на Ромите – Штип |
Локација на спроведување на проектот |
Скопје, Штип и Тетово |
Временски период на спроведување на проектот |
01 Август 2015 – 31 Август 2017 |
Донатор на проектот |
Ромски образовен фонд (РЕФ) |
Висина на грантот |
152,308 EUR |