romaversitas.org.mk

Извршен одбор

 

Elvis Memeti Елвис Мемети е претседател на Извршниот одбор на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“. Во овој период работи како советник за имплементација на Стрегијата на Ромите во Министерството за труд и социјална политика и студира на постдипломски студии по меѓународно право и политика при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. Елвис Мемети е дипломиран политиколог при правниот факултет на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“. Покрај тоа, има долгогодишно искуство како тренер за испорачување на обуки и активист за ромски прашања.
   
 Фатма Бајрам Аземовска е член на Извршниот одбор на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“. Во овој период работи во НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, ја врши функцијата претседател на Здружението за развој на Ромската заедница „Сумнал“ и студира на постдипломски студии по библиотекарство при Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“. Фатма Бајрам Аземовска е дипломиран педагог при Филозофскиот факултет на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“. Покрај тоа, работеше во Министерството за култура на Република Македонија, беше член на Парламентарната група за правата на детето, член на Советодавниот одбор на програмата "Алијанса за вклучување во високото образование за Ромите", како и добитник на наградата за исклучително остварување во областа на човековите права и достигнувања од Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Дополнително, има значително искуство во истражувачка работа како член во тимот за истражување: "Подобро образование преку очите на децата Роми" и како член на тимот за истражување: "Перцепциите на родителите и децата за образованието на Ромите".
   
Husein Emini  Хусеин Еминов е член на Извршниот одбор на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“. Во овој период работи како државен службеник во генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и студира на постдипломски студии по петрологија, минералогија и геохемија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Хусеин Еминов е дипломиран универзитетски инжинер геолог при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
   
   Ипек Усаинова е член на Извршниот одбор на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“. Во овој период работи како правник во институцијата Народен правобранител во Република Македонија, ја врши функцијата претседател на Здружение на граѓани „Ромски Ресурсен Центар“ и студира на постдипломски студии по менаџмент на човечки ресурси. Ипек Усаинова е дипломиран политиколог при правниот факултет на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“. Покрај тоа, има долгогодишно искуство како сертифициран тренер за испорачување на обуки и подготовка на бизнис планови, координирање на проекти, развивање на методологии за истражување на национално и локално ниво и нивна анализа и подготовка на извештаи.
Контакт

 ул.11 Октомври бр.18/7,1000 Скопје

 www.romaversitas.org.mk

office@romaversitas.org.mk

 Romaversitas Macedonia

 Romaversitas Macedonia

Проектен тим Скопје

 

Силхан Саитов, проектен координатор

076 22 55 68

silhan.saitov@romaversitas.org.mk

 

Сеара Сулејман Османи, финансиски асистент

076 48 09 44

seara.sulejman@romaversitas.org.mk

 

Проектен тим Тетово

Дениз Исмаили, локален проектен координатор

076 23 36 98

deniz.ismaili@romaversitas.org.mk

 

Проектен тим Штип

Шенај Османов, локален проектен координатор

075 20 30 64 

shenaj.osmanov@romaversitas.org.mk

 

 

ПОВИЦИ

Здружение на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот “Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“ објавува пет (5) ПОВИЦИ

povik_za_proekten_menadzer.pdf

povik_za_finansiski_oficer

povik_za_proekten_koordinator_3_komponenti.pdf

povik_za_proekten_koordinator_2_komponenti.pdf

povik_za_proekten_asistent.pdf

 

ПОВИК ЗА ОБУЧУВАЧ

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ објавува повик за обучувач за испорака на работилница на тема „Холокаустот врз Ромите“.

Povik_za_obucuvac.pdf

 

Повик за консултант за спроведување на стратешко планирање и подготовка на стратешки план 2017–2020

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” објавува повик за консултант за спроведување на стратешко планирање и подготовка на стратешки план 2017 – 2020 на организацијата. Опис за ангажманот, периодот на реализација, услови, документи и начини за пријавување, се содржани во Повикот.

povik_za_konsultant.pdf

 

Повик за Студентски Иницијативи и Проекти (СИП)

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ објавува повик за Студентски Иницијативи и Проекти (СИП).

povik_za_sip.pdf

 

Повик

Повик за пријавување на студенти Роми и РОМАВЕРЗИТАС Алумни за учество на тренинг за раководење со проектен циклус и мобилизирање на средства

povik_za _ucestvo_na trening.pdf

 

Повик за тутори за академската 2016/2017 година

Повик за тутори за одржување на туторски часови за одреден наставен предмет за студенти Роми на додипломски студии на државните и приватните универзитети во Република Македонија за 2016/2017 година.

povik_za_tutori_2016_2017.pdf

 

 

„Ромаверзитас за мене е место во кое движечка сила е дружбата и лидерството“

 

 Хурија Мукаиповска, Правен факултет – Скопје.

 

 

„Ромаверзитас е едно големо ромско семејство каде постојано нешто ново учиме и се надоградуваме себеси како идни академски граѓани кои ќе допринесат за подобро утре на Ромите во Македонија.“

 

Ахмет Камбер, дипломиран економист, Економски факултет – Скопје.

 

„Да не заборавиме“ и „Геноцидот врз Ромите да се спомне и да не се повтори“