romaversitas.org.mk

Повик за ментори

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот: „Ромаверзитас- Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, објавува повик за ментори кои ќе одржуваат индивидуални менторски средби со студенти Роми следејќи ја динамиката на реализација на индивидуален работен план подготвени од страна на менторот и студентот/менторираниот. Проектот е целосно поддржан од страна на Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), од Будимпешта.

Краен рок за пријавување за повикот за ментори е 23 ноември (петок) 2018.

Повик за ментори во академската 2018-19.pdf

Повик за тутори

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Ромаверзитас- Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“ објавува повик за пријавување во база на тутори за одржување на туторски часови за одреден наставен предмет за студенти Роми на додипломски студии на државните и приватните универзитети во Република Македонија. Проектот е целосно поддржан од страна на Ромскиот образовен фонд (РЕФ), Будимпешта.

Пријавувањето за тутор во база на тутори е отворено во текот на академската 2018/19 година, најдоцна до 31 мај 2019.

Повик за тутори во академската 2018-19.pdf

Повик за 12 експерти за подготовка на Наставна програма за Лидерство за млади дипломирани Роми

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” со поддршка на Канцеларијата за Ромски иницијативи – Будимпешта, Фондација отворено општество во рамките на Барвалипе-Македонија, објавува повик за 12 експерти за подготовка на Наставна програма за Лидерство за млади дипломирани Роми.

Povik_za_angaziranje_eksperti.pdf

Повик за вклучување во активностите за академската 2018/2019 година

Повик за студенти и дипломирани Роми, како и Алумни на Ромаверзитас, кои се на постдипломски студии во државните и приватните универзитети во Република Македонија.

Повик за вклучување во активностите за академската 2018/2019 година.pdf

Повик за подготовка на основна студија

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” со поддршка на Канцеларија за ромски иницијативи – Будимпешта, Фондација отворено општество, во рамките на Барвалипе-Македонија, подготвителна фаза за подготовка на Програма за лидерство насочена кон Роми со завршено високо образование, објавува повик за подготовка на основна студија.

  Повик за подготовка на основна студија.pdf

Повеќе...

Донатори

Соработници

Видео