Комеморација на 2 Август – Ден на Геноцидот врз Ромите [Back to Gallery]
Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ и Кабинетот на Министерот без ресор Аксел Ахмедовски, задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020 организираа настан по повод комеморација на 2 Август - Денот на геноцидот врз Ромите за време на Втората светска војна.
По повод сеќавање на 2 Август - Денот на геноцидот врз Ромите за време на Втората светска војна се одржа настан за комеморирање на овој ден со порака „Геноцидот врз Ромите да се спомне и да не се повтори“. Настанот се одбележа со видео проекција на краток филм, приказ на сеќавање за геноцидот врз Ромите од Втора светска војна низ фотографии од страна на Срџан Амет, читање поезија и оддавање почит на жртвите на геноцидот врз Ромите, и директни обраќања од страна на Министерот без ресор Аксел Ахмедовски и проектниот менаџер на ЗГ „Ромаверзитас“ Силхан Саитов.