Работилница на тема „Техники на пишување есеј“ [Back to Gallery]
На 23 февруари 2019 година, се спроведе еднодневна работилница на тема „Техники на пишување есеј“, со обучувачката Мира Беќар. Целта на работилницата е изучување на техники за академско пишување, како писмено се образложува одреден проблем и наоѓање решение за истото, искажување на мислење за одредена состојба во локалниот контекст и изучување на чекорите за пишување на есеј.
Активноста е дел од проектот „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности “ финансиран од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.