Работилница на тема „Пишување на семинарски/ дипломски труд [Back to Gallery]
На 2 март 2019 година, се спроведе еднодневна работилница на тема „Пишување на семинарски/дипломски труд“, со обучувачката проф. Николина Кениг. Целта на работилницата е стекнување на знаења и информации за структура и битни елементи на семинарски/дипломски труд, за начините на цитирање и реферирање, како и стекнување на соодветни базични вештини за пишување извештаи од спроведени емпириски истражувања. Активноста е дел од проектот „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности “ финансиран од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.