ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА:УЛОГАТА И РАЗВОЈОТ НА РОМСКАТА АКАДЕМСКА ЗАЕДНИЦА [Back to Gallery]
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ по повод одбележувањето на
8 Април - Меѓународниот ден на Ромите одржи панел дискусија на тема:
„Улогата и развојот на ромската академска заедница во Република Македонија“.
Панел дискусијата се одржи на 6 Април во Музејот на македонската борба - Скопје.
Панел дискусијата ја модерираше
• г-динот Елвис Мемети
- Претседател на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“
Панелисти на панел дискусијата беа:
• г-динот Сенад Мустафов
-Национален фацилитатор на Ромскиот образовен фонд за Македонија
• проф. д-р Елена Андреевска
-Декан на факултетот за Јавна администрација и политички науки
при Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово
• проф. д-р Кирил Барбареев
-Проректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип
• г-динот Реџеп Али Чупи
-Директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците