Помош и поддршка на матурантите Роми за запишување на факултет [Back to Gallery]
Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ во рамките на својот две годишен проект, реализираше низа активности со цел подобрување на процесот на интеграција на матурантите Роми во високото образование.
Имено, беа спроведени неколку активности како:
-информативна средба со матурантите Роми за уписите на додипломски студии и за можностите за стипендирање
-мотивирање на матурантите Роми преку презентирање на позитивни и успешни лични приказни од лица со успешно завршено образование и вклучување во јавен, приватен и невладин сектор
-работилници за кариерно планирање во кои матурантите ги поставија нивните животни и кариерни цели и ја креирале сликата за себе и нивната вклученост во општеството
-информативна средба со претставник од универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во која беа објаснети сите детали од Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии
-врсничка помош при подготвување на документи и пополнување на електронска пријава за запишување на прв циклус студии
-неколку матуранти беа застапени во уписните рокови пред службите на факултетот поради проблеми со уписот на прв циклус студии
-беа испратени барања за пристап на информации од јавен карактер до сите државни универзитети за да се утврди бројот на запишани студенти Роми и почитувањето на дополнителните квоти утврдени од владата на РМ
Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ и во иднина ќе продолжи со своите активности насочени кон подобрување на процесот на интеграција во високото образование.
Овие активности беа спроведени во рамки на проектот „Ромаверзитас – академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ финансиран од Ромскиот образовен фонд.