ХОЛОКАУСТОТ ВРЗ РОМИТЕ [Back to Gallery]
На 20 Мај 2017 беше одржана еднодневна работилница на тема: Холокаустот врз Ромите. На оваа работилница присувствуваа студенти Роми од Скопје кои се запознаа со важноста на холокаустот за Ромите, геноцидот извршен врз нив во втората светска војна и по неа како и модерниот геноцид кој трае и ден денес!
Произлегоа идеи за идни мали , но значајни иницијативи на оваа тема. Не треба да се заборави голготата со која се соочуваше нашиот Ромски народ и за истата треба да се покрене свест!
Сето ова нашите студенти го поминаа со работа во групи и преку интерактивни вежби ги проширија своите знаења.
Работилницата на тема: Холокаустот врз Ромите е дел од проектот „Ромаверзитас – академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“, финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), Будимпешта