КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ [Back to Gallery]
На 02 Декември 2017 беше одржана еднодневна работилница на тема: Комуникациски вештини. Во првиот дел од работилницата студентите се запознаа со структурата на процесот на праќање и примање порака, типовите на комуникација и основата на успешно комуницирање.
Вториот дел од работилницита беше насочен на важноста на активното слушање на соговорникот, поставеноста на телото и неговата улога во комуникацијата како и целовкупниот став при комуницирањето како огледало на карактерот на личноста.
Сите овие сегменти од работилницата беа успешно исполнети, а студентите преку интерактивни вежби во групи ги проширија своите знаења.
Оваа работилица е втора од вкупно четирите предвидени за модулот „РАБОТИЛНИЦИ ЗА ТЕХНИКИ ЗА АКАДЕМСКИ ВЕШТИНИ“ и истата беше испорачана од м-р Славко Саздовски, експерт во оваа област.
Работилницата на тема: Комуникациски вештини е дел од проектот „ Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), Будимпешта.