Ораторски настапи „РОМСКИОТ НАРОД - МИНАТО, СЕГАШНОСТ, ИДНИНА [Back to Gallery]
„РОМСКИОТ НАРОД - МИНАТО, СЕГАШНОСТ, ИДНИНА“ се одржа на 5 април 2018, во Македонскиот Народен Театар (МНТ), со цел да се артикулираат одредени тековни проблеми, да се артикулираат и аргументираат одредени ставови на ораторите, да се охрабрат, поттикнат, наградат и афирмираат активни, критични и делотворни студенти, по повод 8 Април - Меѓународен ден на Ромите. Настанот содржа ораторски настапи од страна на студенти Роми, доделување признанија на дипломирани Роми на прв циклус на студии во 2017 година, доделување награди на најдобри студенти Роми во Ромаверзитас во академската 2016/2017 година, доделување сертификати за учество на работилници за личен и професионален развој на студенти Роми - корисници во 2017/2018 година и доделување благодарници на ораторите за нивните напишани и одржани говори на настанот.