„Ромите во РМ“ по повод 8 април – Меѓународен ден на Ромите [Back to Gallery]
„Ромите во Република Македонија“ е настан кој се одржа во Собранието на Република Македонија, по повод 8 Април – Меѓународен ден на Ромите, со цел да се артикулираат состојбите и заложбите за интеграција на етничките заедници во Република Македонија, состојбите и заложбите за интеграција на ромската заедница, како и да се поттикне понатамошна заложба за мултиетничко и мултикултурно општество од страна на пратениците во законодавната власт и на сите останати чинители на општеството. На настанот се обратија претставници на Собранието на Република Македонија и претставници од ЗГ„Ромаверзитас“.