Критичко мислење [Back to Gallery]
На 16 Декември 2017 беше одржана еднодневна работилница на тема „Критичко мислење“.
На оваа работилница студентите се запознаа со тоа како се развиваат вештини за критички пристап кон информациите, градење на параметри за селекција и вреднување на информациите.
Вториот дел од работилницита беше насочен кон тоа како да се развијат вештини за поставување прашања и аргументирано дискутирање.
Сите овие сегменти од работилницата беа успешно исполнети, а студентите преку интерактивни вежби во групи ги проширија своите знаења.
Оваа работилица е трета од вкупно четирите предвидени за модулот „РАБОТИЛНИЦИ ЗА ТЕХНИКИ ЗА АКАДЕМСКИ ВЕШТИНИ“ и истата беше испорачана од проф. д-р Мирјана Најчевска, доктор по правни науки, редовен професор и научен советник во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“.
Работилницата на тема „Критичко мислење“ е дел од проектот ,,Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), Будимпешта.