Техники за ефикасно и ефективно учење [Back to Gallery]
На 25 февруари 2018 год., беше одржана еднодневна работилница на тема „Техники за ефикасно и ефективно учење“, предводена од страна на обучувачите Лазар Ѓуров и Анита Јанчевска.
Целта на оваа работилница е студентите да се стекнат со практични и применливи техники на учење и меморирање на различен материјал, анализа на личниот стил на учење преку психолошки тест и давање научну насоки за поуспешно учење, детектирање на лични потешкотии при учење и изнаоѓање решенија на истото, како и мотивираност на студентите кон постигнување на повисоки резултати.
Со посета на работилницата „Техники за ефикасно и ефективно учење“ студентите изградија позитивен став кон учењето. Се стекнаа со практични техники за: учење, фаќање белешки, повторување на материјал, помнење, како и изучување на различни техники за помнење.
Работилницата на тема „ Техники за ефикасно и ефективно учење“ е дел од проектот „ Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), Будимпешта.