Форми на пишување (пишување семинарска/дипломска работа) [Back to Gallery]
На 17 февруари 2018 год., се спроведе еднодневна работилница на тема: „Форми на пишување (пишување семинарска/дипломска работа)“.
Целта на оваа работилница е студентите да ги совладаат вештините на академското пишување, со посебен акцент на семинарска/дипломска работа.
Учесниците стекнаа сознанија за структурата на семинарската/дипломската работа и за структурните и содржинските разлики меѓу овој вид текстови и есејот. Работилницта се одвиваше врз принципот на неформалното образование што опфаќа: интеракција, практична работа, активно учество. Учесниците беа насочувани кон тоа сами да извлекуваат заклучоци, да истражуваат и да ги презентираат сознанијата до кои дошле преку индивидуална или преку групна работа.
Обучувач на работилницата „ Форми на пишување (пишување семинарска/дипломска работа) “ проф. Благојка Здравковска-Адамова.
Работилницата на тема „ Форми на пишување (пишување семинарска/дипломска работа)“ е дел од проектот „ Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), Будимпешта.