Рамиза Сакип - гостинка во информативната емисија “BIJANDIPE“ во МРТ 2
- Детали
- Објавено: Четврток, 26 Мај 2016 10:39
- Посети: 11219
Рамиза Сакип - проектниот менаџер на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС", во информативната емисија на "BIJANDIPE" во МРТВ 2 ги презентираше досегашните имплементарани активности како и активностите кои се планирани да се имплементираат за време на летниот период од проектот: „Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија".
Исто така, Рамиза Сакип го презентираше и отворениот повик за Студентски Иницијативи и Проекти (СИП) кое беше објавен во текот на месец мај 2016 година. Во однос на повикот за СИП, проектниот менаџер направи опис на активностите на кои студентите можат да аплицираат, како што се: дебати, дускусии и академски панели, микростражувања, студиски посети, работилници за дополнителни обуки и стажирање/практиканство.
Проектот: „Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија" е целосно финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта.
https://www.youtube.com/watch?v=_BepkI0cJKE