romaversitas.org.mk

Историјат

Во период од околу дваесетина година одредени национални и меѓународни институции, како и национални и меѓународни организации планираат, имплементираат и финансираат политики и програми насочени кон интеграција на Ромите во Република Македонија, со особен фокус кон интеграција на Ромите во образованието. 

Од самиот почеток на процесот на интеграција на Ромите во Република Македонија образованието е еден од поважните приоритети во кои се насочени поголем број на политики и програми. 

Во 2001 година од повеќе извори на примарни и секундарни податоци се идентификува потребата на студентите Роми од дополнителна помош, поддршка и активности во текот на нивните додипломски студии со цел да се развијат и надградат нивните лични, академски и професионални знаења, вештини, капацитети и можности. 

Врз база на потребите на студентите Роми во 2001 година се основа Програма за образование на Роми – Ромаверзитас како заедничка иницијатива на Фондација Отворено општество – Македонија и Програмата за поддршка на високото образовавие (HESP) при Институт Отворено општество – Будимпешта. 

Во 2005 година Програма за образование на Роми – Ромаверзитас беше целосно финансиски поддржана од Ромскиот образовен фонд (REF) од Будимпешта. 

Во 2014 година Програма за образование на Роми – Ромаверзитас премина во Здружение на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ на иницијатива на алумни на Програма за образование на Роми – Ромаверзитас и со целосна финансиска и останата поддршка од Ромскиот образовен фонд од Будимпешта.

Контакт

 ул.11 Октомври бр.18/7,1000 Скопје

 www.romaversitas.org.mk

office@romaversitas.org.mk

 Romaversitas Macedonia

 Romaversitas Macedonia

Проектен тим Скопје

 

Силхан Саитов, проектен координатор

076 22 55 68

silhan.saitov@romaversitas.org.mk

 

Сеара Сулејман Османи, финансиски асистент

076 48 09 44

seara.sulejman@romaversitas.org.mk

 

Проектен тим Тетово

Дениз Исмаили, локален проектен координатор

076 23 36 98

deniz.ismaili@romaversitas.org.mk

 

Проектен тим Штип

Шенај Османов, локален проектен координатор

075 20 30 64 

shenaj.osmanov@romaversitas.org.mk

 

 

Повик за консултант за спроведување на стратешко планирање и подготовка на стратешки план 2017–2020

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” објавува повик за консултант за спроведување на стратешко планирање и подготовка на стратешки план 2017 – 2020 на организацијата. Опис за ангажманот, периодот на реализација, услови, документи и начини за пријавување, се содржани во Повикот.

povik_za_konsultant.pdf

 

ПОВИК ЗА ОБУЧУВАЧ

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ објавува повик за обучувач за испорака на работилница на тема „Холокаустот врз Ромите“.

Povik_za_obucuvac.pdf

 

Повик за Студентски Иницијативи и Проекти (СИП)

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ објавува повик за Студентски Иницијативи и Проекти (СИП).

povik_za_sip.pdf

 

Повик

Повик за пријавување на студенти Роми и РОМАВЕРЗИТАС Алумни за учество на тренинг за раководење со проектен циклус и мобилизирање на средства

povik_za _ucestvo_na trening.pdf

 

Повик за тутори за академската 2016/2017 година

Повик за тутори за одржување на туторски часови за одреден наставен предмет за студенти Роми на додипломски студии на државните и приватните универзитети во Република Македонија за 2016/2017 година.

povik_za_tutori_2016_2017.pdf

 

 

„Ромаверзитас за мене е место во кое движечка сила е дружбата и лидерството“

 

 Хурија Мукаиповска, Правен факултет – Скопје.

 

 

„Ромаверзитас е едно големо ромско семејство каде постојано нешто ново учиме и се надоградуваме себеси како идни академски граѓани кои ќе допринесат за подобро утре на Ромите во Македонија.“

 

Ахмет Камбер, дипломиран економист, Економски факултет – Скопје.

 

„Да не заборавиме“ и „Геноцидот врз Ромите да се спомне и да не се повтори“