romaversitas.org.mk

Проектен тим

Силхан Саитов Силхан Саитов е проектен координатор на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ – Скопје. Во овој период студира на постдипломските студии по јавно здравје на Медицински факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Силхан Саитов е дипломиран доктор по медицина при Медицинскиот факултет на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“. Покрај тоа, беше практикант, кластер асистент за Медиа и арт клубот и член во Советодавниот одбор на Програмата за образование на Роми/РОМАВЕРЗИТАС. Исто така, беше вработен како контакт лице за Ромските Здравствени Медијатори, лидер на Клуб на млади на Црвен крст – Шуто Оризари, практикант во Институтот по јавно здравје и обучувач за застапување и здравствени теми.
   
Шенај Османов Шенај Османов е локален проектен координатор на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“во Штип. Шенај Османов во 2015 год. магистрираше на Правниот Факултет ,отсек кривично право при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и се стекна со звањето М-р по правни науки. Тој бил иницијатор за оснивањето на невладината организација „Здружение за права на Ромите“- Штип која пружи бесплатна правна помош и совети на Ромите во Република Македонија. Во текот на неговото 20 годишно искуство беше избран за локален монитор во Р.Македонија на Европскиот Центар за Човекови Права – Будимпешта, исто така ја обавуваше фунцијата координатор во Регионалната канцеларија на Европскиот Центар за Малцински прашања – Штип како и функцијата координатор на 16 правници/адвокати во југо-источниот регион на Р.Македонија во проектот „Сите за правично судење“ финансиран од ОПСЕ – Македонија. Денеска во Здружението за правата на Ромите – Штип работи како Извршен директор.
   
Дениз Исмаили Дениз Исмаили е локален проектен координатор на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“во Тетово. Дениз Исмаили дипломираше на Универзитетот на Југоисточна Европа Тетово во Факултетот за Јавна Администрација и Политички науки. Од 2003 до денес се ангажира и придонесува за почитување на човековите права на ромите во борбата против стереотипите и предрасудите како и дискриминацијата кон Ромите,и е дел од младите ромски активисти кои живеат и работат како сите останати во Државата. Волонтираше една година во Ромската Федерална Организација Амаро Дром во Дизелдорф , работеше на пола работно време во Ромска Фондација Hildegard Lagrenne на темата Против Расизам, Антициганизам во Манхајм. Неговото работно искуство е охрабрување и зголемување на свеста и капацитетот кај младите роми преку работилници, говори,презентации и слично во борбата против дискриминација и расизмот.
   
Сеара Сулејман - Османи Сеара Сулејман – Османи е финансиски асистент на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ – Скопје. Сеара Сулејман-Османи е дипломиран економист на департманот Сметководство и ревизија, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Моментално е студент на постдипломски студии на Економскиот факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј, департман Сметководство и ревизија. Во 2013 година волонтираше девет месеци во Стопанска Банка А.Д. Скопје, во секторот за кредитен ризик за банкарство на мало. Во 2014 работеше како локален асистент на проектот „Туторска поддршка на ученици Роми во второ, третто и четвртто одделение во ОУ Браќа Рамиз и Хамид во општина Шуто Оризари“, спроведен од Ромски Ресурсен Центар – Скопје.
Контакт

 ул.11 Октомври бр.18/7,1000 Скопје

 www.romaversitas.org.mk

office@romaversitas.org.mk

 Romaversitas Macedonia

 Romaversitas Macedonia

Проектен тим Скопје

 

Силхан Саитов, проектен координатор

076 22 55 68

silhan.saitov@romaversitas.org.mk

 

Сеара Сулејман Османи, финансиски асистент

076 48 09 44

seara.sulejman@romaversitas.org.mk

 

Проектен тим Тетово

Дениз Исмаили, локален проектен координатор

076 23 36 98

deniz.ismaili@romaversitas.org.mk

 

Проектен тим Штип

Шенај Османов, локален проектен координатор

075 20 30 64 

shenaj.osmanov@romaversitas.org.mk

 

 

Повик за вклучување во активностите на проектот

Повикот за вклучување во активностите на проектот “Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, дава можност на сите редовни матуранти Роми, студенти и дипломирани Роми/РОМАВЕРЗИТАС Алумни на додипломски студии од државните и приватните универзитети во Република Македонија да се пријават за вклучување во активностите на проектот. Овој проект е финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.

Повик за вклучување во активностите на проектот

 

ПОВИК ЗА ОБУЧУВАЧ

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ објавува повик за обучувач за испорака на работилница на тема „Холокаустот врз Ромите“.

Povik_za_obucuvac.pdf

 

Повик за консултант за спроведување на стратешко планирање и подготовка на стратешки план 2017–2020

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” објавува повик за консултант за спроведување на стратешко планирање и подготовка на стратешки план 2017 – 2020 на организацијата. Опис за ангажманот, периодот на реализација, услови, документи и начини за пријавување, се содржани во Повикот.

povik_za_konsultant.pdf

 

Повик за тутори во академската 2017/18 година

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“ објавува повик за пријавување во база на тутори за одржување на туторски часови за одреден наставен предмет за студенти Роми на додипломски студии на државните и приватните универзитети во Република Македонија. Проектот е целосно поддржан од страна на Ромскиот образовен фонд (РЕФ), Будимпешта.

Пријавените тутори ќе бидат регистрирани во базата на тутори за академската 2017/2018 година и ќе бидат понудени за туторски ангажман во текот на академската 2017/2018 година само доколку студентите Роми во нивното барање за туторство не предложат тутор или нивниот предложен тутор не ги исполнува условите за тутор.

Повик за тутори во академската 2017/18 година

 

Повик за новинарски тим од студенти Роми за изработка на содржини во Рома Индекс Активизам

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот: „Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, објавува повик за новинарски тим од студенти Роми за изработка на содржини во рамки на Рома Индекс Активизам, односно Рома Индекс број 8 и 9. Проектот е целосно поддржан од страна на Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), од Будимпешта.

Краен рок за пријавување за Рома Индекс Активизам e 22 ноември (среда) 2017.

Повик за новинарски тим од студенти Роми за изработка на содржини во Рома Индекс Активизам

 

ПОВИЦИ

Здружение на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот “Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“ објавува пет (5) ПОВИЦИ

povik_za_proekten_menadzer.pdf

povik_za_finansiski_oficer

povik_za_proekten_koordinator_3_komponenti.pdf

povik_za_proekten_koordinator_2_komponenti.pdf

povik_za_proekten_asistent.pdf

 

Повик за Студентски Иницијативи и Проекти (СИП)

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ објавува повик за Студентски Иницијативи и Проекти (СИП).

povik_za_sip.pdf

 

Повик

Повик за пријавување на студенти Роми и РОМАВЕРЗИТАС Алумни за учество на тренинг за раководење со проектен циклус и мобилизирање на средства

povik_za _ucestvo_na trening.pdf

 

Повик за тутори за академската 2016/2017 година

Повик за тутори за одржување на туторски часови за одреден наставен предмет за студенти Роми на додипломски студии на државните и приватните универзитети во Република Македонија за 2016/2017 година.

povik_za_tutori_2016_2017.pdf

 

 

„Ромаверзитас за мене е место во кое движечка сила е дружбата и лидерството“

 

 Хурија Мукаиповска, Правен факултет – Скопје.

 

 

„Ромаверзитас е едно големо ромско семејство каде постојано нешто ново учиме и се надоградуваме себеси како идни академски граѓани кои ќе допринесат за подобро утре на Ромите во Македонија.“

 

Ахмет Камбер, дипломиран економист, Економски факултет – Скопје.

 

„Да не заборавиме“ и „Геноцидот врз Ромите да се спомне и да не се повтори“