Историјат
- Детали
- Посети: 14802
Во период од околу дваесетина година одредени национални и меѓународни институции, како и национални и меѓународни организации планираат, имплементираат и финансираат политики и програми насочени кон интеграција на Ромите во Република Македонија, со особен фокус кон интеграција на Ромите во образованието.
Од самиот почеток на процесот на интеграција на Ромите во Република Македонија образованието е еден од поважните приоритети во кои се насочени поголем број на политики и програми.
Во 2001 година од повеќе извори на примарни и секундарни податоци се идентификува потребата на студентите Роми од дополнителна помош, поддршка и активности во текот на нивните додипломски студии со цел да се развијат и надградат нивните лични, академски и професионални знаења, вештини, капацитети и можности.
Врз база на потребите на студентите Роми во 2001 година се основа Програма за образование на Роми – Ромаверзитас како заедничка иницијатива на Фондација Отворено општество – Македонија и Програмата за поддршка на високото образовавие (HESP) при Институт Отворено општество – Будимпешта.
Во 2005 година Програма за образование на Роми – Ромаверзитас беше целосно финансиски поддржана од Ромскиот образовен фонд (REF) од Будимпешта.
Во 2014 година Програма за образование на Роми – Ромаверзитас премина во Здружение на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ на иницијатива на алумни на Програма за образование на Роми – Ромаверзитас и со целосна финансиска и останата поддршка од Ромскиот образовен фонд од Будимпешта.