Извршен одбор
- Детали
- Посети: 11187
Извршен одбор на Ромаверзитас
Елвис Мемети, претседател на Извршниот одбор, до Август 2023
Во овој период работи како советник за имплементација на Стрегијата на Ромите во Министерството за труд и социјална политика и студира на постдипломски студии по меѓународно право и политика при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. Елвис Мемети е дипломиран политиколог при правниот факултет на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“. Покрај тоа, има долгогодишно искуство како тренер за испорачување на обуки и активист за ромски прашања.
Елвис Шаќири, секретар на Извршниот одбор, до Август 2021
Елвис Шаќири, е секретар член на Извршниот одбор на Ромаверзитас и основач на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, и менаџер на програмата Право. Во 2010-та година дипломира на правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа, а подоцна ги продолжува своите магистерски студии во Будимпешта – Унгарија на Централно Европскиот Универзитет на програмата човекови права.По завршувањето на магистерските студии, Шаќири е ангажиран со работна стипендија во Институтот за истражувања на политики Political Capital во Будимпешта. Во периодот на ангажманот Шаќири работи во делот на изборни модели и политички кампањи. Пред основањето на Институтот, Шаќири работи во неколку невладини организации, како правен советник и координатор на неколку проекти. Во текот на својата работа, Шаќири како автор има допринос во голем дел на истражувања и анализи кои се спроведуваат од страна на Институтот.
Фатма Бајрам Аземовска, член на Извршниот одбор, до Август 2021
Во овој период работи во НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, ја врши функцијата претседател на Здружението за развој на Ромската заедница „Сумнал“ и студира на постдипломски студии по библиотекарство при Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“. Фатма Бајрам Аземовска е дипломиран педагог при Филозофскиот факултет на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“. Покрај тоа, работеше во Министерството за култура на Република Македонија, беше член на Парламентарната група за правата на детето, член на Советодавниот одбор на програмата "Алијанса за вклучување во високото образование за Ромите", како и добитник на наградата за исклучително остварување во областа на човековите права и достигнувања од Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Дополнително, има значително искуство во истражувачка работа како член во тимот за истражување: "Подобро образование преку очите на децата Роми" и како член на тимот за истражување: "Перцепциите на родителите и децата за образованието на Ромите"
Хусеин Еминов, член на Извршниот одбор, до Август 2021
Во овој период работи како државен службеник во генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и студира на постдипломски студии по петрологија, минералогија и геохемија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Хусеин Еминов е дипломиран универзитетски инжинер геолог при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Ипек Усаинова, член на Извршниот одбор, до Август 2021
Во овој период работи како правник во институцијата Народен правобранител во Република Македонија, ја врши функцијата претседател на Здружение на граѓани „Ромски Ресурсен Центар“ и студира на постдипломски студии по менаџмент на човечки ресурси. Ипек Усаинова е дипломиран политиколог при правниот факултет на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“. Покрај тоа, има долгогодишно искуство како сертифициран тренер за испорачување на обуки и подготовка на бизнис планови, координирање на проекти, развивање на методологии за истражување на национално и локално ниво и нивна анализа и подготовка на извештаи.