romaversitas.org.mk

Студенти и алумнисти на Ромаверзитас се стекнаа со сертификат за успешно завршен курс по странски јазик

Вкупно 55 студенти и алумнисти на Ромаверзитас во Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп и Струмица посетуваа курс по странски јазик. Тие успешно го завршија курсот и се здобија со сертификати за познавање на одреден степен на странски јазик.

Повеќе...

Матуранти информирани и мотивирани да се запишат на факултет

Здружението на граѓани „Ромаверзитас“  спроведе средба со матуранти Роми со цел да ги информира за тековните конкурси за упис на прв циклус на студии, за поддршките кои им се нудат како студенти, како и  да се мотивираат да продолжат со своето образование. На информативната средба со матуранти присуствуваа матуранти Роми од повеќе градови од Р.С.Македонија кои планираат да продолжат со своето образование.

Повеќе...

Ромаверзитас со практикант во Канцеларијата на Народниот правобранител

Здружение на граѓани „Ромаверзитас“ овозможи практиканство на еден студент на правни студии во канцеларијата на Народниот правобранител на Република Северна Македонија, под менторство на Заменик Народната правобранителка г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа. Практикантот во период од два месеци има можност одблизу да се запознае со работењето на оваа институција односно со улогата и мандатот на Народниот правобранител како независна институција која ги штити уставните и законските права на граѓаните, а воедно и да ги зајакне своите лични и професионални капацитети.  

Повеќе...

Да не дозволиме геноцидот од минатото тивко да продолжи во нашата сегашност

На комеморацијата на „2 Август - Денот на Геноцидот врз Ромите за време на Втората светска војна“, во Меморијалниот Центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, од сите присутни беше испратена заедничка порака „Геноцидот врз Ромите да се спомне и да не се повтори“. Настанот опфати комеморативни говори, видео проекција на краток филм, изведба на извадок од претставата „Злосторникот“и проекција на видео порака од студентите на Ромаверзитас.

Повеќе...

Ромаверзитас избра најдобри студенти Роми за академската 2017/2018

Здружението на граѓани „Ромаверзитас“, ги одбра најдобрите студенти Роми во Ромаверзитас за академската 2017/18 согласно два критериуми: 70% од постигнатиот среден просек на оцени и 30 проценти за учество во проектните активности на Ромаверзитас.

Повеќе...

Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности

Донатори

Соработници

Видео