Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности
Спроведен курс по ромски јазик
- Детали
- Објавено: Вторник, 07 Мај 2019 10:51
- Посети: 1475
На курс по ромски јазик, историја и култура учествуваа околу 40 учесници, поделени во посебни целни групи, во текот на април, оваа година. На курсот беа вклучени три целни групи, матуранти Роми, студенти Роми и наставници по предметот јазик и култура на Ромите. Курсот опфати 18 наставни единици, во кои беа распределени специфични содржини за овие целни групи.
Целите на овој курс се да се зголемат познавањата и информираноста на матурантите Роми за ромскиот јазик, историја и култура, зајакнување на нивниот ромски идентитет, потоа, подобрување на познавањата на студентите Роми за ромскиот јазик и зајакнување на капацитетите на наставниците по предметот „Јазик и култура на Ромите“. За спроведување на курсот беа ангажирани искусни експерти со долгогодишно работно искуство во однос на ромскиот јазик, историја и култура.
Курсот по ромски јазик, историја и култура е активност во рамки на проектот „Ромаверзитас – со поддршка за развој кон лични и колективни еднакци пристапи и можности“ финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.