romaversitas.org.mk

Ромаверзитас со делегат на Собранието на Националниот Младински Совет на Македонија (НМСМ)

Ромаверзитас  имаше свој делегат на Генералното Собрание на НМСМ, кој се оддржа на 11 и 12 Мај во големата сала на Советот на Град Скопје. Претставникот на студентите Руфат Демиров учествуваше во изгласувањето на клучните прашања во младинскиот совет.

Повеќе...

Завршен настан во кампањата „Ние Гласаме, Ние Одлучуваме“

Граѓанската иницијатива „Avaja“, на 3-ти мај 2019 година, организираше Јавно обраќање на кандидатите за претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова пред ромската заедница. На настанот присуствуваа огромен број граѓани, кои се запознаа со кандидатите за претседател и воедно со нивната кампања и програма. Покрај претставување на нивните програми, публиката поставуваше и прашања до кандидатите.

Повеќе...

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација: Брзи реакции за брзи санкции

Собранието на Република Северна Македонија изминатата недела со 52 гласа „За“ го изгласа новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација. Скратени рокови без поголема бирократија и попрофесионална Комисија за заштита од дискриминација.

Повеќе...

Ромска недела во Брисел

Годинава, во Европскиот парламент во Брисел, се одржува Ромска недела од 16-ти до 22-ри март. Исто така, се организира и семинар на тема расизам, во организација на Тернипе – интернационална ромска мрежа во партнерство со Ерменскиот благороднички сојуз, Европската унија на студенти Евреи и младинска организација за Европските националности.

Повеќе...

Ромаверзитас Македонија и Ромаверзитас Косово потпишаа меморандум за соработка

На 17 февруари 2019 година во Хотел Континентал, Скопје, се потпиша меморандум за соработка помеѓу Ромаверзитас Македонија и Ромаверзитас Косово. 

Целта на потпишаниот меморандум помеѓу македонското и косовското преставништво на Ромаверзитас беше: да се креираат подобри можности  за образование во ромската заедница; да се зајакнат вмрежувањата и лобирањата за поддршка на образованито на Ромите; како и да се создаде подобро едукациско опкружување.

Повеќе...

Донатори

Соработници

Видео