Новости
Завршен настан на ЗГ „Ромаверзитас“ со презентации на постигнатите проектни резултати и активности
- Детали
- Објавено: Вторник, 17 Септември 2019 08:58
- Посети: 1736
ЗГ „Ромаверзитас“ ги презентираше постигнатите резултати од проектите кои се спроведуваа од 2017 до 2019 година.
На настанот имаше презентација на резултатите на проектот „Ромаверзитас – со поддршка и развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности, финансиски поддржан од РЕФ, од страна на проектниот координатор, Фикрија Таир, презентација на излезни продукти и искуства на практиканти од истоимениот проект од страна на студентите Џемилиана Абдулова, Брендон Сулејман и Алмира Фасљии и, презентација на резултатите на проектите „Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд“ и „Зголемување на пристапот и учеството на студенти Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд“, финансиски поддржани од Европска Унија и РЕФ Будимпешта, од страна на проектниот координатор за вработување, Ферик Сулејманов.
На настанот, претседателот на ЗГ „Ромаверзитас“ , Елвис Мемети истакна: „Нема крај - додека и се не е во ред. Така е и со Ромаверзитас во овој завршен настан кој што е најава само за нов почеток. Ние всушност правиме отчет пред Вас за сработеното и постигнатите резултати. Нашиот критички осврт повеќе се однесува на постигнувањата на стратешките цели на организацијата. Тоа е и нов предизвик пред проектниот менаџмент на Ромаверзитас. Организацијате ќе ги мери своите успеси зависно од тоа колку успеавме да создадеме група од квалитетни студенти (минимумум 25 лица) кои знаат да организираат, мобилизираат, истражуваат, застапуваат, да не следат и подржуваат. Преку оваа група ќе достигнеме до следните 130 лица кои се достапна група на студeнти и кои ја преставуваат критичната маса за влијание и промени кон минимум 1000 следбеници кои пак ќе ги предизвикуваат промените во животот на ромската заедница“.
Понатаму г-дин Мемети ги презентираше стратешките цели на организацијата, „1.Зголемување на бројот на запишани и завршени средношколци и студенти Роми; 2.Поттикување на вработувањето и зголемување на вработливоста на младите Роми; 3. Застапување на интересите на Ромаверзитас - заедницата и создавање на потенцијал за лидерство; 4. Развивање на ромскиот идентитет и солидарност кај младите и образовани Роми. Две од Стратешките цели се сервисно орентирани додека пак другите две се насочени кон застапување и потикнување на политики за развој на ромската заедницата на Ромаверзитас воопшто.„. На крајот на своето обраќање г-дин Мемети истакна „новиот менаџмент ќе треба да работи и на зголемување на буџетот на организацијата за минимум 10% во наредната година. Исто така во наредниот период Ромаверзитас покрај отчетноста и визибилитетот ќе посвети и внимание на организацискиот развој и интерните акти кои што ќе ја доближуваат визијата и мисијата на организацијата кон секоја индивидуа кој што е дел од Ромаверзитас“.
Постигнати резултати на сите проекти и активности на ЗГ „Ромаверзитас“ беа промовирани на завршниот настан кој беше одржан на 12 септември 2019 година. во Холидеј Ин.