romaversitas.org.mk

Да се спомене и да не се заборави

Студенти Роми, заедно со организацијата Ромаверзитас, организираа јавен настан на 3-ти август, по повод Денот за сеќавање на геноцидот врз Ромите. Притоа, од Меморијалниот Центар на Евреите од Македонија и од плоштадот Македонија, беа испратени две пораки „Да не заборавиме“ и „Геноцидот врз Ромите да се спомене и да не се повтори“.

„Во Австрија, Албанија, Германија, Србија, Украина, Унгарија, Франција и други европски земји, Ромите се официјално спомнати и признати како жртви на геноцидот. Во Македонија се комеморира само 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот. Македонија треба да го следи примерот на многуте европски земји“, вели Силхан Саитов, проектен менаџер во Ромаверзитас.

Повеќе...

Доделени 74 сертификати на студенти Роми за завршен курс по странски јазици

Во период од Февруари до Мај 2017, во рамки на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во Скопје, Штип и Тетово, 60 студенти ги подобрија своите вештини за Англиски, 14 студенти за Германски и 2 студенти за Француски јазик. По завршувањето на курсот, со сертификат за успешно завршен курс се стекнаа 49 студенти од Скопје, 12 од Тетово и 13 од Штип.

Повеќе...

16 Мај - ден на отпорот на Ромите

На иницијатива на студенти Роми од Тетово, на 16 Мај 2017 година во Тетово се одржи настан со кое се одбележа отпорот на Ромите против нацистичкиот режим.

На настанот беше презентирана видео анкета во која беа прикажани познавањата и ставовите на граѓаните на Тетово за 16 Мај 1944 година. 

Потоа, студентите Сеад Мемети, Енес Билали и Селвије Мустафи говореа за нацистичката идеологија за истребување на ромскиот народ од европската мапа, за масовниот геноцид извршен врз ромите и синтите во концентрационите логори ширум Европа како и за историскиот отпор на Ромите против нацистичките агресори.

Повеќе...

Средба со матуранти Роми

Во соработка со Министерството  за образование и наука на Р. Македонија на ден 20 Јуни 2017 година на Филозофскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се оддржа настанот Средба со матуранти Роми.

Основната цел на оваа средба беше да се мотивираат идните матуранти Роми да го продолжат своето образование, да станат академски граѓани и активни чинители во целокупното општество, но и да се здобијат со корисни информации во однос на престојниот Конкурс за запишување на факултетите во Македонија и постоечките програми за стипендирање кои подржуваат студенти Роми.

Повеќе...

Еднодневна работилница на тема: Комуникациски вештини

На 29 Април 2017 беше одржана еднодневна работилница на тема: Комуникациски вештини. На оваа работилница присувствуваа студенти Роми од Скопје, Штип и Тетово кои се запознаа со концептот на успешна комуникација, видови комуникација, активно слушање, шумови при комуникацијата, техники за успешно и јасно пренесување на пораката според нејзината содржина, емоција и значајност како и успешен фидбек од примачот на пораката.

Сите овие сегменти од работилницата беа успешно исполнети, а студентите преку интерактивни вежби во групи ги проширија своите знаења.

Повеќе...

Донатори

Соработници

Видео