Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми од Македонија
Одржана еднодневна работилница на тема: Ромски јазик, историја и култура
- Детали
- Објавено: Понеделник, 13 Март 2017 11:50
- Посети: 10436
На 11 Март 2017 беше одржана еднодневна работилница на тема: Ромски јазик, историја и култура. На оваа работилница присувствуваа студенти Роми од Скопје, Штип и Тетово кои се запознаа со потеклото на јазикот на Ромите, основите на ромскиот јазик (народен и литературен), основните обележја на ромската култура и традиционалните културни вредности.
Воедно, го изучија и патот на преселбата на Ромите со акцент на појаснувањето на патешествието на Ромите од Индија до сите делови на светот и приближување на историските придобивки на Ромите до помладата генерација.
Сите овие сегменти од работилницата беа успешно исполнети, а студентите преку интерактивни вежби во групи ги проширија своите знаења.
Оваа работилница беше испорачана од м-р Севдија Абдулова Демирова. Работилницата на тема: Ромски јазик, историја и култура е дел од проекот „Ромаверзитас – академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“, финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), Будимпешта.