Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми од Македонија
Работилница на тема: Идентитет и Ромско движење
- Детали
- Објавено: Вторник, 21 Март 2017 11:54
- Посети: 10169
На 18 Март 2017 беше одржана еднодневна работилница на тема: Идентитет и Ромско движење. На оваа работилница присувствуваа студенти Роми од Скопје, Штип и Тетово кои се запознаа со концептот на Идентитет и свесност за сам себе, разноликоста на идентитетот на една личност, факторите кои влијаат врз изградбата на личниот и колективниот идентитет како и површна анализа на етничкиот и политичкиот идентитет на Ромите во Македонија. При процесот на усвојувањето на сите горенаведени точки се дискутираше на табу теми од областа на етничкиот и политичкиот идентитет на Ромите во Македонија.
Вториот дел од работилницата, за Ромското движење, ги опфати основните и најважни моменти од организирањето на Ромите во Македонија, највлијателните причини зошто и како Ромите се организираа пред и по Првиот Светски Ромски Конгрес во 1971, за на самиот крај да се завшри со анализа на Ромското движење денес и одговорноста на младите Роми во иднина.
Сите овие сегменти од работилницата беа успешно исполнети, а студентите преку интерактивни вежби во групи ги проширија своите знаења.
Оваа работилница беше испорачана од м-р Адем Адеми. Работилницата на тема: Идентитет и Ромско движење е дел од проектот „Ромаверзитас – академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“, финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), Будимпешта.