Бордот на Ромскиот образовен фонд одржа средба со Ромаверзитас, студентите и алумните на РЕФ
- Детали
- Објавено: Понеделник, 25 Јуни 2018 11:14
- Посети: 13237
Бордот на Ромскиот образовен фонд (РЕФ) одржа средба со Извршниот одбор на Ромаверзитас , менаџментот на Ромаверзитас и студентите и алумните Роми на РЕФ. На средбата, Извршниот одбор на Ромаверзитас ги презентираше стратешките определби и дејстување на организацијата, менаџментот на Ромаверзитас презентираше за состојбите и резултатите во однос на пристап и партиципација на Ромите во високото образование, пристап и партиципација на дипломираните Роми во пазарот на трудот и целовкупното општество и околу постоењето и влијанието на активната Ромаверзитас заедница, а студентите и алумните Роми дискутираа за нивните досегашни искуства и идни перспективи во однос на интервенциите на Ромскиот образовен фонд.
И во Македонија постои антициганизам!?
- Детали
- Објавено: Среда, 11 Април 2018 10:49
- Посети: 13534
Кога зборуваме за проблемите на нашата заедница, поголемиот дел од нас тоа го поврзуваат со дискриминација и омраза од страна на општеството кон Ромите, што донекаде и не е погрешно. Но, дали дискриминацијата и омразата се само производи од стереотипите и предрасудите кон Ромите или претставуваат дел од резултатите на еден комплексен историски процес на расизам, насилство и стигма којшто понатаму произведува низа структурни неповолности и исклучување на цела етничка група од општествените текови на развој, бидејќи се перципираат како закана на „белата“ културна хегемонија? Да? Се сложуваме со второто? Тогаш, треба тој феномен да го нарекуваме по името кое што му е дадено ... Антициганизам!
Отворен повик за студенти Роми за Централно-Европскиот Универзитет во Будимпешта
- Детали
- Објавено: Понеделник, 26 Март 2018 11:49
- Посети: 9324
Дипломираните Роми може да аплицираат на Ромската програма за подготовка за дипломирани Роми (РГПП (Roma Graduate Preparation Program)) на Централно-Европскиот Универзитет во Будимпешта, Унгарија. За да може да аплицирате за оваа програма, треба да бидете дипломиран, посебно од областите на општествените или хуманистичките науки, да знаете англиски јазик, да имате лидерски способности и да сакате да студирате во мултикултурна и интернационална околина. Важно е да се потенцира дека програмата го подготвува кандидатот за работни места засновани на заслуги, но не гарантира дека студентот ќе биде примен на друга магистерска програма на ЦЕУ или друг универзитет.
Лансирана програмата за поддршка и интеграција на Ромите на локално ниво РОМАКТЕД
- Детали
- Објавено: Понеделник, 02 Април 2018 11:47
- Посети: 10538
Советот на Европа преку Програмската Канцеларија во Скопје и Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите „Сонце“ја лансираа новата Програма за поддршка и интеграција на Ромите на локално ниво РОМАКТЕД, која е заедничка иницијатива на Европската Унија (DG NEAR) и Советот на Европа.
Стартот на програмата се случи на конференција за „Промовирање на доброто управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“. Цел на заедничката програма РОМАКТЕД е да се изгради политичка волја и одржлив политички ангажман на локалните власти за подобрување на демократското владеење и зајакнување на локалните ромски заедници.
На конференцијата учествуваа претставници од локалните општини, општински заедници, ромското граѓанско општество, агенциите за развој и претставници на меѓународната заедница. Настанот се доживеа како платформа за меѓусекторска размена на можности во областа на интеграција на Ромите во Република Македонија.
Повик за доставување на коментари на Предлог - Декларација за Стратешките интереси на Ромите во Република Македонија
- Детали
- Објавено: Понеделник, 19 Март 2018 11:52
- Посети: 1935
Групата за Заложба и Единство на Ромите во Република Македонија Ве информира дека во претходниот период, различни групи – претставници на политички партии, граѓанскиот сектор, бизнисмени, лингвисти, историчари, студенти и алумни, вработени во јавната администрација, ромската заедница и ромски медиуми, разговараа и дебатираа за своите интереси, приоритети и заеднички заложби на Ромите во Република Македонија. Како резултат беше изготвена и Декларација за Стратешки интереси на Ромите во Република Македонија.
Со цел поголем опфат и видување на пошироката јавност за овој значаен документ Ве повикуваме да дадете придонес со Ваши мислења и ставови по однос на овој документ.
На следниот линк може да пристапите до: Предлог - Декларација за Стратешките интереси на Ромите во Република Македонија
Ве молиме Вашите коментари да ги доставите најдоцна до 03.04.2018 (вторник), 16:00 часот, во посебен документ, со реферирање на кој дел се однесуваат Вашите дополнувања на следната електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите." target="_blank">Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.




















