Ромска недела во Брисел
- Детали
- Објавено: Петок, 22 Март 2019 11:50
- Посети: 2369
Годинава, во Европскиот парламент во Брисел, се одржува Ромска недела од 16-ти до 22-ри март. Исто така, се организира и семинар на тема расизам, во организација на Тернипе – интернационална ромска мрежа во партнерство со Ерменскиот благороднички сојуз, Европската унија на студенти Евреи и младинска организација за Европските националности.
Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација: Брзи реакции за брзи санкции
- Детали
- Објавено: Понеделник, 18 Март 2019 10:30
- Посети: 1660
Собранието на Република Северна Македонија изминатата недела со 52 гласа „За“ го изгласа новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација. Скратени рокови без поголема бирократија и попрофесионална Комисија за заштита од дискриминација.
Проект за зголемување на образовните можности
- Детали
- Објавено: Сабота, 22 Декември 2018 11:05
- Посети: 1525
Нов проект за зголемување на образовните можности на студентите Роми од Западен Балкан и Турција почнуваат Европската Унија и фондацијата Отворено Општество. Проектот е имплементиран од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) и ќе придонесе до подобрување на вработувањето на младите Роми преку обезбедување непрекината транзиција на студентите од образование до работно место.
Кристијан Даниелсон (Christian Danielsson), генерален директор за европска политика на соседство и преговорите за проширување, при потпишувањето на проектот потенцира дека треба да се намалат разликите во вклученоста во образованието меѓу младите Роми и не-ромите.
Ромаверзитас Македонија и Ромаверзитас Косово потпишаа меморандум за соработка
- Детали
- Објавено: Вторник, 19 Февруари 2019 10:23
- Посети: 1890
На 17 февруари 2019 година во Хотел Континентал, Скопје, се потпиша меморандум за соработка помеѓу Ромаверзитас Македонија и Ромаверзитас Косово.
Целта на потпишаниот меморандум помеѓу македонското и косовското преставништво на Ромаверзитас беше: да се креираат подобри можности за образование во ромската заедница; да се зајакнат вмрежувањата и лобирањата за поддршка на образованито на Ромите; како и да се создаде подобро едукациско опкружување.
Да ги поддржиме оние што нè поддржаа – акција на неформална група за помош на РЕФ
- Детали
- Објавено: Четврток, 20 Декември 2018 08:50
- Посети: 1844
На 17-ти Ноември во просториите на Ромскиот Едукативен Фонд (РЕФ) настана пожар. За среќа, нема повредени од настанатиот пожар, но, овој немил настан предизвика голема материјална штета која е проценета на над 50 000 евра. Согласно на тоа, на една од најголемите Фејсбук групи, Romaversitas Macedonia Official Group, која брои над 1200 членови, корисници на стипендии од РЕФ, предложија и поттикнаа иницијатива за собирање на средства од сите поранешни и сегашни корисници на стипендии од РЕФ од Р.Македонија.




















