Новости
Ромска недела во Брисел
- Детали
- Објавено: Петок, 22 Март 2019 11:50
- Посети: 2249
Годинава, во Европскиот парламент во Брисел, се одржува Ромска недела од 16-ти до 22-ри март. Исто така, се организира и семинар на тема расизам, во организација на Тернипе – интернационална ромска мрежа во партнерство со Ерменскиот благороднички сојуз, Европската унија на студенти Евреи и младинска организација за Европските националности.
Ромската интеграција е клучен елемент за проширување на членството во Европската унија. Европската комисија ја охрабрува Република Северна Македонија да го подобри социјалното вклучување на Ромите. Една од иницијативите за поддршка на вакви важни теми е европската награда за интеграција на Ромите во процесот на проширување на членството во ЕУ алијансата.
Посетеноста на семинарот од страна на младите го чини уште поважен, бидејќи нуди многу позитивни пракси околу имплементацијата и транспаретноста, но и чекори за преземање на мерки и интервенции пред и за време на избори.
Оваа година, на семинарот учествува и Фикрија Таир од организацијата Ромаверзитас. Според неа, паралелно, во Европскиот Парламент во Брисел се одржуваат неколку големи настани, како што се Европска акција – недела против расизмот и Ромската недела. Таа учествува на состаноци поврзани со вклученоста на младите во застапувањето, борбата против антициганизмот, како и настани на тема „Minority Youth an the EU elections “.
„На овие настани сите малцинства, меѓу кои Ромите, Евреите, Ерменците, Сиријците, но и припадници на ЛГБТ заедницата и други, застапуваме политики и ставови за подобрување на положбата на нашите заедници во пресрет на Европските и парламентарните избори 2019, како одговор на сé поголемиот замав на нео-нацистичките групи кои се појавуваат во Европа. Ромската недела е битна за Ромите од цела Европа, затоа што преку организираните настани и средби со европски парламентарци и претставниците на Европска Комисија пренесуваме искуства од заедницата и застапуваме за добивање поддршка од овие институции во ефективно имплементирање на политики поврзани со Роми на национално ниво“, вели Фикрија Таир, проектен координатор во Ромаверзитас.