Новости
Одиграна претставата „Злосторникот“
- Детали
- Објавено: Недела, 09 Декември 2018 10:00
- Посети: 1562
Тажниот и трауматичен дел од минатовековната ромска историја често се зборува и се интерпретира во различни форми за да се покаже жалење, но и да се пренесе порака дека се сеќаваме и апелираме вакво нешто никогаш повторно да не се дозволи и да не се повтори.
Целта од оваа трагедија беше да се пренесе тажното минато на ромскиот народ и монструозните убиства што нацистите ги извршиле за време на Втората Светска војна. Сцените од оваа претстава се однесуваат конкретно за нацистичкиот концентрационен камп Јасеновац или популарно нарекуван балканскиот „Аушвиц“, каде се убиени околу 20.000 Роми.
Претставата „Злосторникот", во режија на Даниел Петровски, се одигра на почетокот на декември во Театар Комедија, како дел од театарскиот фестивал “Garavde muja” во организација на “Romano ilo”.
Актери беа студенти од Ромаверзитас, каде глумеа историски ликови Сирхан Усеин (Хитлер) , Руфат Демиров (затвореник), Надир Усеин (војник), Брендон Сулејман (затвореник), Рахман Исмаил (војник) и Џемилијана Абдулова (затвореничка).
Публиката беше фасцинирана од професионалното одигрување на ликот Хитлер од страна на Усеин, како и од потресните доживувања и приказни на затворениците. Болна беше приказната на затвореникот за убивање на неговото семејство и силување на неговата мајка, интерпретирана од Руфат Демиров.
Целото драмско дејство на крајот го украси баритонот Ернест Ибраимовски со песната "Phirav mange korkoro".
Автор: Лебишка Селоска