Новости
Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација: Брзи реакции за брзи санкции
- Детали
- Објавено: Понеделник, 18 Март 2019 10:30
- Посети: 1517
Собранието на Република Северна Македонија изминатата недела со 52 гласа „За“ го изгласа новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација. Скратени рокови без поголема бирократија и попрофесионална Комисија за заштита од дискриминација.
Граѓаните отсега ќе имаат можност на полесен начин да реагираат на постапката за заштита од дискриминација. Новиот Закон е донесен со цел се надминат постоечките недостатоци во претходниот закон, кои излегле на површина со неговото спроведување.
Измината недела група на граѓани и невладини организации одржаа низа протести се со цел да се донесе новиот закон кој ќе воспостави силни законски гаранции во случај на дискриминација и овозможување на жртвите да бараат ефикасен правен лек против дискриминацијата, особено за ромската заедница.