Новости
Бордот на Ромскиот образовен фонд одржа средба со Ромаверзитас, студентите и алумните на РЕФ
- Детали
- Објавено: Понеделник, 25 Јуни 2018 11:14
- Посети: 12697
Бордот на Ромскиот образовен фонд (РЕФ) одржа средба со Извршниот одбор на Ромаверзитас , менаџментот на Ромаверзитас и студентите и алумните Роми на РЕФ. На средбата, Извршниот одбор на Ромаверзитас ги презентираше стратешките определби и дејстување на организацијата, менаџментот на Ромаверзитас презентираше за состојбите и резултатите во однос на пристап и партиципација на Ромите во високото образование, пристап и партиципација на дипломираните Роми во пазарот на трудот и целовкупното општество и околу постоењето и влијанието на активната Ромаверзитас заедница, а студентите и алумните Роми дискутираа за нивните досегашни искуства и идни перспективи во однос на интервенциите на Ромскиот образовен фонд.
„Ромаверзитас е заедница, претставена од критичната маса на Роми со високо образование и препознатлив идентитет, кои остануваат цврсто поврзани со ромската заедница во водството, напредокот и вклучувањето во поширокото општество“ истакна претседателот на Извршниот одбор на Ромаверзитас г. Елвис Мемети. Извршниот одбор на организацијата истакна дека дел од Алумните на РЕФ денес се вклучени во сите сектори во опшетството, тие учествуваат во управувањето на одредени јавни установи и државни институции, во јавниот и невладиниот сектор, како и во креирањето и донесувањето на јавните политики на локално и национално ниво.
„Во просек се запишуваат околу 85 Роми во прва година на додипломски студии, од 2001 до денес расте бројот на вкупно запишани студенти Роми на додипломски студии, а расте и бројот на дипломирани Роми на прв циклус на студии“ изјави г. Силхан Саитов, проектен менаџер во Ромаверзитас.
Во завршниот дел од средбата, студентите и Алумните Роми на РЕФ имаа можност да ги споделат нивните искуства, ставови и перспективи во однос на досегашната поддршка од страна на РЕФ Програмата за стипендирање и Ромаверзитас, како и да споделат нивни идеи и перспективи за иднината на овие програми.