Новости
Посебен закон за практикантство
- Детали
- Објавено: Петок, 02 Февруари 2018 12:26
- Посети: 10024
Практикантството во фирмите и институциите не е регулирано со законско решение, тврдат стопанските комори во Македонија. За да се реши овој проблем тие бараат посебен закон за практикантство кој ќе се однесува на изведувањето на овој процес во работна организација.
Досега, практикантската работа се регулира само преку законите за средно и за високо образование, но бизнисмените тврдат дека не се доволни и може да дојде до злоупотреба и неусогласеност на двете страни во делот на работните односи.
Затоа, ЕПИ и Стопанските комори, со поддршка на УСАИД, почнуваат со инфо сесии во Македонија за подобра бизнис регулатива. Нивна крајна цел е да се осознаваат пречките со кои се соочуваат компаниите и да се подготват мерки во новото предлог законско решение.