Новости
Ромаверзитас со делегат на Собранието на Националниот Младински Совет на Македонија (НМСМ)
- Детали
- Објавено: Четврток, 16 Мај 2019 09:14
- Посети: 1964
Ромаверзитас имаше свој делегат на Генералното Собрание на НМСМ, кој се оддржа на 11 и 12 Мај во големата сала на Советот на Град Скопје. Претставникот на студентите Руфат Демиров учествуваше во изгласувањето на клучните прашања во младинскиот совет.
На дневниот ред на Генералното Собрание се најдоа: изгласување на амандмани за промена на Статутот на НМСМ; изгласување на финансиски извештај за 2018 година; изгласување на годишен извештај на НМСМ за 2018 година; како и гласање за членови на управен одбор на НМСМ, членови за комисија за членство на НМСМ, членови на Надзорен одбор и Потпретседател на советот.
Националниот Младински Совет на Македонија е сојуз на здруженија во кој на доброволна основа членуваат здруженија и фондации од Република Северна Македонија, кој истовремено е и претставничко тело на младинските организации во државата. Од ноември 2015 година, НМСМ е дел од Европскиот Младински Форум ЕМФ.
„Да се биде дел од Генералното Собрание на НМСМ е клучно за нас како организација чиј главен фокус е унапредување на студентскиот стандард на студентите Роми. Всушност, и самото членство во НМСМ за Ромаверзитас е одлична можност за вмрежување со младински организации и организации за млади кои работат на национално ниво, како и со младиското движење на меѓународно ниво, бидејќи, нели, од неодамна НМСМ е дел од големото европско семејство на млади, односно Европскиот Младински Форум. Да се учествува во донесувањето на одлуки на НМСМ, како и самото членство, значи интегративно вклучување и на ромската младина во младинското движење во државата и надвор од неа“ – изјави Руфат Демиров.