
Новости
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ И УЧЕСТВОТО НА СТУДЕНТИТЕ РОМИ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ТРАНЗИЦИЈАТА НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ
- Детали
- Објавено: Петок, 04 Јули 2025 14:50
- Посети: 57

Според податоците на Државниот завод за статистика, во академската 2024/2025 година се запишале 53 535 студенти, што претставува зголемување за 2.3 % во однос на претходната 2023/2024 година. Запишани студенти се 31 734 или 59.3 %.. Најголем број студенти, 76.8 %, се запишале на државните високообразовни установи, додека 23.2 % се запишале на приватните високообразовни установи...
Во прва година на студии, во академската 2024/2025 година, се запишале 14 644 студенти или 27.4 отсто од вкупниот број (тука се опфатени и студентите што се запишуваат во прва година по втор, трет и повеќепати), а 13 825 студенти во прва година се запишале првпат. Во академската 2024/2025 година најмногу студенти (13 371) се запишале во областа здравство и социјална заштита, потоа во областа бизнис, администрација и право (10 839) и на информатичко- комуникациски технологии (8875). Најмалку запишани студенти имало во областа земјоделство, шумарство, рибарство и ветерина (740) и образование. Според податоците на Министерството за образование и наука на Северна Македонија, во учебната 2024/2025 година, право на користење стипендија добиле приближно 120 студенти Роми. Тие беа поделени во две категории: студенти Роми кои за прв пат ќе бидат студенти во прва година и студенти Роми кои не се студенти во прва година. Претпоставка е дека од вкупниот број на запишани студенти 0.38 % се Ромски студенти запишани во универзитетите. Од вкупниот број на запишани студенти во прва година 13825 студенти само 0.2 % се Роми кои се запишуваат во прва година на студии. Заради зголемување на стапката на дипломирање на Ромите на универзитетско ниво Ромаверзитас во академската година 2024/25 спроведе проект: Зголемување на пристапот и учеството на студентите Роми во високото образование и транзицијата на пазарот на трудот“, финансиран од Европска Унија и РЕФ. Проектот: Зголемување на пристапот и учеството на студентите Роми во високото образование и транзицијата на пазарот на трудот ги имаше следните проектни цели : Зголемување на стапката на дипломирање на Ромите на универзитетско ниво преку : - спроведување на менторство и поддршка за туторство. - воспоставување на мрежа од активни средношколци, студенти и алумни Олеснување на транзицијата кон пазар на труд преку вработливост Активности за поддршка на потенцијалот за вработување на студентите од високо образование преку : кариерно советување, работни пракси, јазични курсеви, компјутери, градење на капацитети и тренинзи.