Новости
Студентската унија го доби својот претседател - Суда Дехари
- Детали
- Објавено: Сабота, 11 Јули 2020 23:32
- Посети: 1126
Онлајн гласањето заврши и Студентската унија го доби својот претседател.
Ромаверзитас денес ја официјализира функционалноста на Студентската Унија составена од 5 компетентни, млади, мотивирани студенти/ки и активисти/ки кои што на достоен начин ќе ги преставуваат и застапуваат интересите на средношколците, студентите и алумните пред општата јавност, професиналните организации, донатори и пред студентите и Ромаверзитас.
Идеологијата на Студентската Унија на Ромаверзитас се темели на интересите, потребите и идеите на младите Роми во општеството. Претставува еден вид на платформа преку која што ќе се презентираат и дискутираат прашањата кои што се од наш заеднички интерес и ќе се подржува идното младинско движење на ромската заедница. Овие млади лица ќе го претставуваат ентузијазмот за работа со заедницата, потикнување на активизмот на младите и образовани Роми, заради предизвикување на посакуваните промени во општеството.
Резултатите од денешното гласање ги сумираме и известуваме за следните официјални податоци.
Вкупно регистрирани лица во Е- Ромаверзитас се 289 лица кои што имаа право да го реализираат своето право на глас за избор на Студентскиот лидер.
Во денешниот процес, гласале 37% или вкупно 107 лица. Структурата на лицата кои што гласале е следна:
Резултатите од гласањето е следно
Според резултатите е заклучено дека:
Идниот Студенттски лидер е СУДА ДЕХАРИ.
Секретар на Студентската Унија е АРИЈЕТА ТАХИРИ
Останати членови на структурата се :
Фатима Сали
Нејас Рушидов
Алмира Фасљии
Ви посакуваме среќа и успех во Вашите идни активности.