
Новости
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СТАПКАТА НА ЗАДРЖУВАЊЕ И УЧЕСТВО НА УЧЕНИЦИ РОМИ ВО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ, ТРАНЗИЦИЈА КОН ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ И/ИЛИ ПРЕМИН НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ
- Детали
- Објавено: Петок, 04 Јули 2025 14:48
- Посети: 67

Средношколци и млади Роми во Република Северна Македонија Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на учениците во редовните средни училишта, на почетокот на учебната 2024/2025 година, изнесува 67143, што претставува намалување за 0.2 % во однос на претходната учебна година...
Извештајот на Европската комисија, нотира дека во учебната 2023/2024 година вкупниот број на ромски деца во секундарното образование било 1.970 ученици, од кои околу две-третини биле приматели на стипендии (извор Извештај на Европската комисија ) Во учебната 2023/2024 година, 2,7 % од учениците Роми (околу 1 867 ученици) биле запишани во средното образование, а 94 % од нив (1 772 ученици) го завршиле успешно своето образование . Други извори наведуваат дека само 36,9 % од Ромите стигнуваат до диплома за средно образование, односно само 37 од секои 100 Роми ја завршуваат средната стручно-техничка спрема (извор https://romalitico.org/wp-content/uploads/2024/02/shadow-report-implementation-of-the-roma-strategy- 20212022-mk.pdf) Бројот на регистрирани невработени Роми во АВРСМ е околу 10% (10.388 Роми), од кои 93% односно 9.677 лица се Роми без завршено образование или со завршено основно образование, 4,13% (430 лица) се со завршено средно образование. Голем дел од заедницата и понатаму останува активна во неформалната економија. Според Министерството за образование и наука, 97% (10.787 ученици) од запишаните 6% односно 11.055 ученици Роми за учебната 2023/2024 го комплетирале основното образование, додека пак 94% (1.772 ученици) од запишаните 2,7% (1.867 ученици) Роми во учебната 2023/2024 го комплетирале средното образование. Ова укажува на тоа дека стапката на осипување е намалена и Ромите имаат тенденција да го комплетираат своето образование. Кај бројот на стипендии за ученици Роми во средното образование и за учебната 2024/2025 година има зголемување од 920 на 1.200. Како активна мерка регулирана со Конкурсот за упис во средните училишта согласно точка . Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми Број на запишани средношколци според официјално достапни информации по учебни години во државни и приватни училишта (во приватните училишта во учебната 2022/2023 имаше запишано само 1 ученик Ром додека пак во учебната 2023/2024 имаше запишано 2 ученици Роми). Во учебната 2022/2023 биле 656 женски ученици и 740 машки, додека пак во во учебната 2023/2024 имало 653 женски ученици и 709 машки . Според прибраните податоци 29% од запишаните средношколци во учебната 2022/2023нив се запишани во средното училиште во Шуто Оризари, додека пак во учебната 2023/2024, 30% од средношколците за запишани во средното училиште во Шуто Оризари.