
Новости
Спроведен интензивен летен курс за компјутери
- Детали
- Објавено: Среда, 28 Август 2019 11:29
- Посети: 1625

Здружението на граѓани Ромаверзитас во рамките на проектот „Зголемени можности за образование на Роми и млади Роми во Западен Балкан и Турција“, финансиран од Европската унија, во период Јули - Август, спроведе интензивен летен курс за компјутери.
На курсот за компјутери спроведен од страна на Антон Софт, учесниците имаа можност да се стекнат со компјутерска едукација за основно и средно-напредно ниво на познавање на програмите Microsoft Word, Excell и Power Point и користење на интернет и емеил. Десетина средношколци од средното училиште во Шуто Оризари корисници на стипендија и двајца студенти се здобија со сертификат за завршен курс по компјутери.