romaversitas.org.mk

Генерални информации за проектот

Проект: Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности

Цели на проектот

  • Да се зголеми вклученоста и квалитетот во вклученоста на матурантите Роми на додипломски студии во универзитетите во Република Македонија
  • Да се поддржат студентите Роми на додипломски студии за нивна одржливост во нивните студии, премин во следен семестар, академски постигнувања и навремено дипломирање.
  • Да се поддржи личниот и професионалниот развој на студентите Роми на додипломски и постдипломски студии, и алумните на Ромаверзитас
  • Да се потикне и поддржи формирање на мрежа на млади Роми, како и нивно учество, волонтеризам и активизам во општеството
  • Да се потикне и поддржи зајанување на ромскиот идентитет и Ромаверзитас заедница

Активности на проектот

  • Професионално ориентирање на матуранти Роми
  • Кариерно планирање на матуранти Роми
  • Информирање и мотивирање на матурантите Роми за упис на додипломски студии
  • Помош при упис на додипломски студии и мониторинг на уписите во Дополнителната квота утврдена од Владата на РМ
  • Менторство
  • Туторство
  • Користење на литература
  • Модул за зајакнување на академските техники
  • Модул за истражувачка работа
  • Грантови за микроистражувања
  • Грантови за студентски иницијативи и проекти
  • Практиканство
  • Курс по странски јазици
  • Курс за компјутерска едукација
  • Рома Индекс активизам
  • Курс по ромски јазик, историја и култура
  • Одбележување на важни датуми од историјата на ромскиот народ
  • Активности за зајакнување на Ромаверзитас заедницата

Соработници на проектот

  • Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, орган во Министерство за образование и наука
  • Универзитет на Југоисточна Европа
  • Универзитет „Гоце Делчев“
  • Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

 

Временски период на спроведување на проектот

01 Септември 2017 – 31 Август 2019

 

Донатор на проектот

Ромски образовен фонд (РЕФ)

Висина на грантот

140.000 ЕУР

Донатори

Соработници

Видео