Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности
Матуранти информирани и мотивирани да се запишат на факултет
- Детали
- Објавено: Четврток, 08 Август 2019 14:07
- Посети: 1747
Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ спроведе средба со матуранти Роми со цел да ги информира за тековните конкурси за упис на прв циклус на студии, за поддршките кои им се нудат како студенти, како и да се мотивираат да продолжат со своето образование. На информативната средба со матуранти присуствуваа матуранти Роми од повеќе градови од Р.С.Македонија кои планираат да продолжат со своето образование.
Ромаверзитас ги презентираше конкурсите, условите, роковите и потребната документација за упис на прв циклус на студии од неколкуте најрангирани и најпобарувани универзитети во Р.С Македонија од страна на матурантите.
На средбата имаше излагања на претставници од неколку универзитети во Македонија: д-р Сашо Јосимовски –Економски факултет, УКИМ, д-р Кирил Барбареев – Проректор за настава на УГД и д-р Владимир Радевски - Проректор за академско планирање и дигиализација на УЈИЕ. Матурантите исто така имаа можност да бидат информирани за програмите за стипендирање од страна на г-а Ајсел Мемет, координаторка на РМУСП од Ромскиот Едукативен Фонд и г-а Сузана Шабановска од Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците-МОН.
На средбата следеа и обраќања од страна на алумнисти на Ромаверзитас: Тефик Сали – дипломиран доктор по медицина, Сара Сејфула – дипломиран социјален работник и Сибел Бајрам – дипломиран преведувач од англиски и француски кон македонски и обратно. Тие на средбата со матурантите ги споделија своите успешни приказни, го споделија својот пат кон високото образование и предизвиците со кои се имаат соочено, како и искуствата и поминатото време во Ромаверзитас кога тие беа студенти. Воедно испратија порака до матурантите никогаш да не се откажуваат. Посочија дека во овој момент од животот треба да донесат важни одлуки за себе, во какви личности ќе се изградат и како да се справат со академските предизвициво иднина.
Информирање и мотивирање на матуранти Роми за вклучување во високо образование е активност во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.