Повик за новинарски тим од студенти Роми за изработка на содржини во Рома Индекс Активизам (Рома Индекс број 13,14,15)
- Детали
- Објавено: Петок, 08 Февруари 2019 09:50
- Посети: 1698

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, објавува повик за новинарски тим од студенти Роми за изработка на содржини во рамки на Рома Индекс Активизам, односно Рома Индекс број 13, 14, 15. Проектот е целосно поддржан од страна на Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), од Будимпешта. Пријавувањето за повикот за новинарски тим од студенти Роми за Рома Индекс број 13,14,15 е најдоцна до 14 февруари 2019.
Подобри компјутерски вештини за студенти и алумнисти на Ромаверзитас
- Детали
- Објавено: Петок, 28 Декември 2018 20:44
- Посети: 1700

Деветнаесет студенти и алумнисти на здружението на граѓани „Ромаверзитас“ поминаа компјутерска едукација за програмите на Microsoft Office (Microsoft Word, Excel и Power Point) и користење интернет и електронска пошта. Учесниците на курсот, во текот на ноември и декември годинава, поминаа основно и напредно ниво за подобрување на вештините за работење со програмите на Microsoft Office. Учесниците ги подобрија своите перформанси за изработка на документи при работа, обработка, приказ на податоци, при изработка на презентации, а на подолг рок ги зголемија и сопствените можности за вработување. Сите учесници добија сертификат за успешно завршен курс од „Антон Софт“.
Ромаверзитас учествува во креирање Стратегија за млади Роми
- Детали
- Објавено: Среда, 26 Декември 2018 09:41
- Посети: 1882

Претставници на здружението на граѓани „Ромаверзитас“ учествуваат во креирање на стратегија за млади Роми, организирана од невладината организација „КХАМ“- Делчево, во соработка со министерот без ресор Аксел Ахмедовски и Агенцијата за млади и спорт.
Работилницата, која се организираше од 16 до 18 декември 2018 во хотел „Манастир“ Берово, е дел од проектот „Стратегија за младински политики за интеграција на млади Роми“. Како резултат од работилницата, произлезе првична драфт верзија на стратегијата, која ќе биде достапна за јавноста за коментари, сугестии и предлози, за нејзино финализирање.
Менторство за 15 додипломци
- Детали
- Објавено: Петок, 28 Декември 2018 20:38
- Посети: 1792

Универзитетски кадри, во текот на наредните пет месеци, ќе менторираат 15 студенти од прва година на додипломски студии. Ова го овозможи здружението на граѓани Ромаверзитас, овозможувајќи им на студентите Роми да соработуваат и да бидат менторирани од ментор кој ќе ги подучува, насочува, советува, охрабрува, мотивира и поддржува во развојот на нивните знаења, вештини и способности за реализирање на личните, академските и кариерните цели.
Ромаверзитас бара волонтери
- Детали
- Објавено: Сабота, 24 Ноември 2018 08:57
- Посети: 2495

Помош и поддршка во спроведување активности, во административни работи и односи со јавноста, развој на мултимедијални содржини (фотографии и видео), преводи и уредување на документи, волонтерско спроведување одредени професионални услуги и учество во активности за лобирање и застапување бара здружението на граѓани „Ромаверзитас“.