
Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности
Ромаверзитас учествува во креирање Стратегија за млади Роми
- Детали
- Објавено: Среда, 26 Декември 2018 09:41
- Посети: 1899

Претставници на здружението на граѓани „Ромаверзитас“ учествуваат во креирање на стратегија за млади Роми, организирана од невладината организација „КХАМ“- Делчево, во соработка со министерот без ресор Аксел Ахмедовски и Агенцијата за млади и спорт.
Работилницата, која се организираше од 16 до 18 декември 2018 во хотел „Манастир“ Берово, е дел од проектот „Стратегија за младински политики за интеграција на млади Роми“. Како резултат од работилницата, произлезе првична драфт верзија на стратегијата, која ќе биде достапна за јавноста за коментари, сугестии и предлози, за нејзино финализирање.
„Со реализацијата на оваа активност сакаме да дадеме свој придонес кон социјалната, културната и образовната интеграција на младите Роми во општеството преку младински активизам и неформално учење. Исто така, сакаме да ја зајакнеме и развиеме соработката со Агенцијата за млади и спорт се со цел идентификување на заеднички интереси кои потикнуваат солидарност, разбирање, пријателство и еднаквост“ истакна Зекир Абдулов од „КХАМ“
Руфат Демиров, Ален Умер и Аријета Тахири, како претставници на Ромаверзитас, предложија свои видувања и разменија информации во конкретни области. Преку размената на мислења, дебатирање и договарање, работната група дефинираше неколку области, лоцираше проблеми и предложи краткорочни и долгорочни решенија за проблемите со кои се соочуваат младите Роми.
Освен претставниците на Ромаверзитас, на работилницата учествуваа претставници на невладината „КХАМ“ од Делчево, Ромалитико, претставници од Кабинетот на Министерот без ресор и претставници на Министерството за труд и социјална политика.
Драфт верзијата на стратегијата, во наредниот период, ќе биде на увид на јавноста каде сите чинители на ромската заедница можат да придонесат во нејзино креирање преку свои критики, препораки и совети.
Автор: Руфат Демиров