Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности
Волонтерите со значајни заклучоци за ромската заедница
- Детали
- Објавено: Петок, 05 Октомври 2018 19:00
- Посети: 4319
Од спроведените волонтерства, како излезни продукти се направени три излезни продукти од студентите, преку кои се дефинираа неколку значајни заклучоци. Во првиот презентиран излезен труд на тема „Затворите – превентива или смрт за Ромите во РМ“, студентката Танкица Бекирова заклучува дека „Во казнено – поправните установи владее корупција и условите во затворите се под минимално утврдените стандарди.
Состојбата на Ромите во казнено-поправните установи е во една незавидно лоша положба и во последните неколку години се евидентирани бројни случаи на несоодветно постапување и прекумерна употреба на сила “. Вториот излезен труд беше презентиран на тема „Перцепцијата на Ромите за политиката“ од страна на студентот Руфат Демиров кој наведе неколку заклучоци. Првиот заклучок беше дека кај дел од ромската заедница постои скептичност и недоверба во политичките институции кои ги претставуваат ромските интереси, а се покажува поголема вклученост, доверба и задоволство од ромскиот граѓански сектор. Втор заклучок, дека граѓаните Роми не се доволно вклучени во можностите на претставничката демократија, но кај нив има желба за позитивни промени и поголемо учество во политиката. Последниот заклучок на Демиров беше дека граѓаните Роми веруваат дека успехот се крие во колективниот напредок и работењето по принципот на општта волја. Во последниот презентиран излезен труд на тема „Предизвици со кои се соочуваат пациентите Роми“, студентката Сумеа Рахим заклучува дека „Отежнатиот пристап до здравствените услуги имаат влијание врз нискиот процент на посета на болници и клиники и појавата на поголем процент на хронични заболувања. Додека, ненавременото и несоодветното третирање на болестите доведуваат до предвремена смрт во споредба со општата популација“.
Грантовите за волонтерство е активност предвидена со проектот „Ромаверзитас – со поддршка и развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“. Овој проект е финансиран од Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта.