Студентите учеа за комуникациските вештини
- Детали
- Објавено: Вторник, 16 Јануари 2018 12:05
- Посети: 12841
Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ организираше еднодневна работилница на тема „Комуникациски вештини“ за студентите – корисници на оваа организација. Работилницата се одржа на 02 декември годинава од страна на обучувачот Славко Саздовски.
Студентите се запознаа со основите на комуницирањето, разликите меѓу еднонасочно и двонасочно комуницирање, невербална и вербална комуникација, пречки во комуницирањето, стиловите на комуницирање и повратната врска, односно потребата од повратна информација.
Туторска поддршка за секој студент
- Детали
- Објавено: Вторник, 09 Јануари 2018 12:05
- Посети: 10600
Секој студент што има потреба од академска помош и поддршка за одреден наставен предмет може да побара туторска поддршка од Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“. Постапката е едноставна – се поднесува барање најмалку еден месец пред одржување на првиот туторски час.
Во организацијата постои база на пријавени тутори кои може да одговорат на сите предизвици со кои се соочуваат студентите Роми. Пријавувањето на потребата за туторски час се прави преку маил, порака на Фејсбук или телефонски повик до Организацијата, која потоа ја почнува процедурата за регистрација преку барање за туторство.
Потпишан Меморандум за соработка
- Детали
- Објавено: Понеделник, 16 Ноември 2015 09:49
- Посети: 11664

На 16.11.2015 година, во Тетово, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово и Здружението на граѓани „Ромаверзитас Македонија“.
Целта на Меморандумот за соработка беше реализација на образовните политики на ромските студенти во Македонија, со финансиска поддршка од страна на Ромскиот Образовен Фонд - Будимпешта за периодот 31.07.2015-31.05.2017 година.
На состанокот Здружението на граѓани „Ромаверзитас Македонија“ и Универзитетот на Југоисточна Европа се договорија дека ќе соработуваат за да јаподобрат состојбата на младите Роми студенти во областа на високото образование и да дадат поддршка на студентите за да ги развиваат своите интлектуални капацитети преку создавање на млади конкуренти и повеќе образовани Роми во Македонија.