Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности
Туторска поддршка за секој студент
- Детали
- Објавено: Вторник, 09 Јануари 2018 12:05
- Посети: 10641
Секој студент што има потреба од академска помош и поддршка за одреден наставен предмет може да побара туторска поддршка од Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“. Постапката е едноставна – се поднесува барање најмалку еден месец пред одржување на првиот туторски час.
Во организацијата постои база на пријавени тутори кои може да одговорат на сите предизвици со кои се соочуваат студентите Роми. Пријавувањето на потребата за туторски час се прави преку маил, порака на Фејсбук или телефонски повик до Организацијата, која потоа ја почнува процедурата за регистрација преку барање за туторство.
Туторството претставува дополнителна академска помош и поддршка за студентите Роми преку одржување индивидуални часови на туторот и студентот за одреден наставен предмет, за договорени наставни содржини, во договорени датуми, времетраење и место на одржување.
Целта на туторската средба е студентот поуспешно да ги совлада наставните содржини и да ги зголеми можностите за успешно подготвување и полагање на одреден/и колоквиуми/испити. За еден наставен предмет може да се одржат околу 15 туторски часови, а еден час трае околу 60 минути.
Оваа активност се спроведува во рамки на проектот “Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, кој целосно е поддржан од страна на Ромскиот образовен фонд (РЕФ), Будимпешта.