Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности
Студентите учеа за комуникациските вештини
- Детали
- Објавено: Вторник, 16 Јануари 2018 12:05
- Посети: 12897
Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ организираше еднодневна работилница на тема „Комуникациски вештини“ за студентите – корисници на оваа организација. Работилницата се одржа на 02 декември годинава од страна на обучувачот Славко Саздовски.
Студентите се запознаа со основите на комуницирањето, разликите меѓу еднонасочно и двонасочно комуницирање, невербална и вербална комуникација, пречки во комуницирањето, стиловите на комуницирање и повратната врска, односно потребата од повратна информација.
Работилницата е испорачана од Ромаверзитас, со целосна поддршка на Ромскиот Образовен Фонд за студентите Роми да го прошират своето знаење за комуницирањето и како да станат уште поуспешни комуникатори.
Еднодневната работилница се одржа во просториите на канцелариите на млади на општина Центар.