Ромаверзитас избра најдобри студенти Роми за академската 2017/2018
- Детали
- Објавено: Четврток, 16 Мај 2019 08:59
- Посети: 2438

Здружението на граѓани „Ромаверзитас“, ги одбра најдобрите студенти Роми во Ромаверзитас за академската 2017/18 согласно два критериуми: 70% од постигнатиот среден просек на оцени и 30 проценти за учество во проектните активности на Ромаверзитас.
Спроведен курс по ромски јазик
- Детали
- Објавено: Вторник, 07 Мај 2019 10:51
- Посети: 1517

На курс по ромски јазик, историја и култура учествуваа околу 40 учесници, поделени во посебни целни групи, во текот на април, оваа година. На курсот беа вклучени три целни групи, матуранти Роми, студенти Роми и наставници по предметот јазик и култура на Ромите. Курсот опфати 18 наставни единици, во кои беа распределени специфични содржини за овие целни групи.
По вторпат потпишан Меморандум за соработка со Кабинетот на Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020
- Детали
- Објавено: Понеделник, 29 Април 2019 12:13
- Посети: 1719

Втора година по ред се потпиша меморандум за соработка помеѓу Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ и Кабинетот на министерот без ресор Музафер Бајрам, со кој се воспоставува соработка во спроведувањето на практиканство на една студентката во Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за имплементација на Стратегија за Роми 2014 – 2020, во Владата на Република Северна Македонија.
Се одржаа работилници за професионална ориентација и кариерно планирање со матуранти Роми
- Детали
- Објавено: Понеделник, 29 Април 2019 12:14
- Посети: 1947

Започна процес на насочување на неколку матуранти Роми за нивно вклучување во високото образование преку нивна помош и поддршка во процес на изборот на студиска програма и креирање на кариерен план, кој најмногу одговара на нивните афинитети, потенцијал, вештини и капацитети.
Ромаверзитас свечено го одбележа Меѓународниот ден на Ромите, Република Северна Македонија е „едно општество за сите“
- Детали
- Објавено: Понеделник, 08 Април 2019 15:18
- Посети: 1741
За „Предизвиците и перспективите на Ромите во Република Северна Македонија“, денес, по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8-ми април, ЗГ „Ромаверзитас организираше настан во Собранието на РСМ каде говореа премиерот Зоран Заев, потпретседателот на Владата, Бујар Османи, шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар, извршниот директор на Ромскиот Образовен Фонд, Надир Реџепи и неколку ромски активисти – членови на граѓанската организација „Ромаверзитас“, Фикрија Таир, Елвис Шаќири и Сенада Сали.
Повеќе артикли...
- Ораторски настапи на студентите на Ромаверзитас „Ромскиот народ - МИНАТО, СЕГАШНОСТ,ИДНИНА“
- Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Ромаверзитас и МРТ
- Спроведен модул од четири работилници за студентите и алумните на Ромаверзитас
- Студенти Роми добиваат неформално образование од врвни професори и експерти